Не можам да го изедначам непризнавањето на македонскиот јазик со барање за поголемо добрососедство

Во 2017 година вие некому да му кажете дека не може да има јазик или дека неговиот јазик е само уставна категорија, односно го толкуваме дека е бугарски, но бидејќи ние сме напишале во Уставот дека е македонски, еве нека ви биде македонски, е многу чудно, да не речам неприфатливо, изјави во Отвореното студио на ТВ Нова поранешниот министер за надворешни работи на РМ, Никола Попоски.Тој потенцира дека има бројни земји од поранешна Југославија кои се разделија, кои некогаш говореле ист јазик, кои денес говорат сосем различни јазици, и ниту една од нив нема ваков тип на спор.
„Нашиот случај е кристално чист, со тоа што македонскиот јазик е квалифициран многу порано, во ’40-тите години, е еден од трите официјални јазици на поранешната федерација Југославија, а на конвенција на Обединетите нации во ’77 година, која замислете, е одржана во Атина, е препознат како официјален јазик, македонски јазик“, рече Попоски.
Според Попоски тоа постои во институционалната меморија на Обединетите нации и смешно е  40 години подоцна, да имаме ваква дискусија.
„Некој да го оспорува тоа преку договор, тоа е во најмала рака неприфатливо. Не можам да ставам знак на равенство помеѓу непризнавање, фактичко, на постоење на јазик и барање за поголемо добрососедство и поголема соработка“, вели Попоски.Тој потенцира дека има бројни земји од поранешна Југославија кои се разделија, кои некогаш говореле ист јазик, кои денес говорат сосем различни јаз

Пронајдете не на следниве мрежи: