„Не можеш да се сокриеш од СОПСТВЕНИОТ отров“

На социјалните мрежи се прошири една поучна приказна која секој треба да ја прочита за да се замисли за себеси и за она што е. Имено, станува збор за животна поука на американскиот актер Ричард Гир.„Мајката на мојот пријател се хранеше здраво цел живот. Никогаш не консумираше алкохол ниту било каква лоша храна, вежбаше секој ден, беше витка, активна, ги земаше сите додатоци на исхрана кои и` ги препорачуваше докторот, никогаш не излегуваше на Сонце без заштита, а и кога мораше, тоа беше за најкратко можно време – практично го штитеше здравјето во најголема мера.
Денес има 76 години и има рак на кожа, рак на коскената срж и екстремна остеопороза.
Таткото на мојот пријател јаде сланина врз сланина, путер преку путер, масти преку масти, никогаш нема вежбано, беше на Сонце додека не изгори секој пат, буквално го живее животот до максимум, а не како што му велат другите.
Тој денес има 81 година и докторите велат дека има здравје на млад човек.
Луѓе, не можете да се сокриете од сопствениот отров. Тој е таму некаде и ќе ве пронајде, а според зборовите на мајка му на мојот пријател која се` уште е жива: `Да знаев дека мојот живот ќе заврши на ваков начин, ќе го живеев до максимум, уживајќи во сето она што ми беше кажано дека не треба да го правам!`
Никој од нас нема да остане жив, затоа ве молам да престанете кон себе да се однесувате како што останатите ви наметнуваат. Јадете ја таа вкусна храна, шетајте по сонце, скокнете во океан. Кажете ја вистината што ја носите во своето срце како скриено богатство. Бидете блесави. Бидете љубезни, Бидете чудни. Нема време за ништо друго“ – раскажал славниот актер.
Без оглед дали ова е приказна која навистина потекнува од познатиот актер или не, поуката е јасна: немојте да бидете опседнати со нешто затоа што е во прашање тренд или нечија препорака; умереноста е единствената вистинска работа, а вие живејте го животот со полна пареа.„Мајката на мојот пријател се хранеше здраво цел живот. Никогаш не консумираше алкохол ниту било каква лоша храна, вежбаше секој ден, беше ви

Пронајдете не на следниве мрежи: