Поп пејачката Марија Шерифовиќ не можела да ги запре солзите кога едно момче на нејзиниот концерт во Загреб решило да ја побара раката на својата партнерка.Марија пред неколку дена одржа концерт во концертната сала „Ватрослав Лисински“, а запросувањето дошло како јаготка на шлагот на околу тричасовната журка на која ги отпеала сите свои најголеми хитови. Уште еден интересен момент било и доаѓањето на нејзини фанови од Јапонија.
Атмосферата беше прекрасна, публиката цело време беше на нога и пееше со мене во еден глас. Најемотивно беше кога момчето кое неколку дена претходно ме замоли да му помогнам да си ја побара раката на девојката, го стори тоа. Беше трогателно и заплакав, рекла Марија.
Марија пред неколку дена одржа концерт во концертната сала „Ватрослав Лисински“, а запросувањето дошло како јаготка на шлагот