Не можете да ослабете? Виновник би можела да биде ИР- состојба која ја мачи половина планета!

Луѓето кои многу тешко слабеат кога се на диета, а штом повторно почнат  да се хранат нормално враќат се, би требало да се запрашаат дали можеби страдаат од инсулинска резистенција. Иако обвој метаболички синдром често се меша со дијабетес, всушност се работи  за нешто прилично поинакво- и излечливо. Но само доколку  се позанимавате  навреме со овој проблем.Инсулинската резистенција во последните неколку години поприми размери на вистинска епидемија, па се проценува дека половина од  населението постари од 50 години во развиените земји страда од ИР. Иако ова  не е дијабетес, се работи за пред дијабетична состојба, и доколку не се лечи навреме може да доведе до шеќер.
Наједноставо кажано, луѓето кои имаат ИР немаат  недостаток на инсулин, туку нивните клетки не реагираат нормално на тој хормон. Така што клетките  наместо да се преработат во енергија за секојдневна активност, се таложат во организмот во облик на масти.
Килограмите многу лесно се наглемуваат, а многу тешко се намалуваат- бидејќи инсулинот е еден од најважните фактори при губење на тежината.
„Се повеќе луѓе секојдневно јадат брза храна, газирани сокови преполни со шеќери и нездрави масти и сето тоа влијае врз хормоните во организмот. Со текот на времето може да дојде до сериозно пореметување“, вели  др. Боровиќ.

 
Иако се уште не е докажано  поради што  точно се доаѓа до ова пореметување во метаболизмот, познато  е дека некои фактори значително го зголемуваат ризикот:
-Тешко слабеете
– Слатките ви го отворааат апетитот
-Немате доволно енергија и покрај внесените калории
– Потреба за благо и по оброците
– Дебелеење

Што се однесува до последното, научниците се уште се обидуваат да откријат дали дебелеењето е причина или последица на ИР, но луѓето кои имаат проблем со вишокот килограми секако спаѓаат во ризична група.
„Инсулинската резистенција може со текот на времето да премине во дијабетес доколку исхраната не се прилагоди и  доколку, во договор со ендокринолог, не се лечи на време“.
Инсулинската резистенција се дијагностицира преку крв, со посебни пигменти, а потоа се воспоставува терапија. Доколку се сомневате дека имате проблем, не би требало да земате лекарства на своја рака, но она што можете да го сторите е да ги исфрлите од употреба сите засладени сокови, брзата храна, мрснота, похована и пржена храна.Инсулинската резистенција во последните неколку години поприми размери на вистинска епидемија, па се проценува дека половина од  населението п

Пронајдете не на следниве мрежи: