Слабиот сон негативно влијае на здравјето. Според центарот за контрола и превенција на болести во САД, недостатокот на сон е поврзан со хронични болести вклучувајќи дијабетес, срцеви болести, дебелеење па дури и депресија.-Повеќе од 10 проценти од популацијата патат од хронична инсомнија, што значи дека имале проблеми со спиењето повеќе од три месеци, изјавува доктор Шели Хершнер, професорка по неврологија во Медицинскиот центар за пореметување во спиењето во Мичиген за магазинот “Today”.
Ако и после будењето во рок од 20 минути не можете повторно да заспиете, преместете се во некој друг дел од станот или куќата. Покријте се и обидете се да заспиете.
Зошто овој трик функционира?
Ако останете во кревет, ќе почувствувате притисок дека треба да заспиете, а тоа повеќе ќе ве исфрустрира објаснува докторката. Тој притисок може да ги зголеми отчукувањата на срцето и да предизвика неудобност што отежнува повторно да заспиете.
Обидете се да се преместите на кауч, покријте се со кебето и само лежите. Оваа техника е многу корисна па дури и подобра од некои лекови, додава Хершнер.-Повеќе од 10 проценти од популацијата патат од хронична инсомнија, што значи дека имале проблеми со спиењето повеќе од три месеци, изјавува доктор