Бројни стручни лица предупредуваат дека оваа пракса може да предизвика инфекција и иритација,со оглед на тоа дека улогата на срамните влакна е да спречат патогеност во интимните делови на телото кај жената.Иако многу сметаат дека во отстранувањето на срамни влакна се работи за хигиена,стручњаците наведуваат дека се работи за една од најголемите заблуди на модерното време.
ПРИРОДНА ЗАШИТТА. Таа спречува контакт на кожата и слузокожата со честиците на прашина,вируси и бактерии и овозможува испарување на влагата која го погодува размножувањето на габички.
Дури 62% од испитаниците од САД одговориле дека ги острануваат влакната од интимната зона,додека 84% тоа го прават во одредена мера.
Оваа пракса,во комбинација со нехигиенската долна облека како танга често е причинител на бројни здравствени компликации како инфекции,воспаление на фоликулите,лацерација и алергиски реакции.
Тоа додатно го влошува и синтетичкиот материјал од која е направена долната облека.
Докторката Ванеса Мекеј објаснува дека дури и најситните исеченици со бричењето,кои не можат да се видат со голо око,можат да станат право легло на бактерии и да предизвикаат проблеми.
ШИРЕЊЕ ВИРУСИ. Отстранувањето на срамните влакна,без обзир на методата може значајно да го зголеми ризикот од високо заразни инфекции.Овие тврдења се базираат на истражувањето од страна на француски стручњаци.Иако многу сметаат дека во отстранувањето на срамни влакна се работи за хигиена,стручњаците наведуваат дека се работи за една од најголемите заблуд