Еден маж открил дека девојката во неговиот стан оставила тест за бременост. Тој одлучил да се пошегува, па го направил тестот кој бил позитивен. Шегобиецот тоа го фотографирал и објавил на социјална мрежа… Не ни сонувал дека тоа ќе му го спаси животот…Откако открил дека неговата поранешна девојка во станот оставила не искористен тест за бременост, еден маж од љубопитност одлучил да се тестира. Но она што се случило, откако уринирал на тестот, не можел да предвиди ниту во најлудите соништа!
Кога индикаторот покажал две розови линии, што е показател за бременост, љубопитниот шегаџија го сликал тестот и го поставил на социјалните мрежи за да се пофали дека е „бремен“. Се разбира, сите се насмеале, а еден пријател отишол чекор подалеку и на „Reddit“ направил комичен стрип од целата ситуација.
Откако стрипот се појави и на интернет, некои луѓе го предупредиле дека резултатот може да укажува на здравствени проблеми.
– Ако тестот за бременост е позитивен, тоа може да значи дека имате рак на тестисите. Проверете на Google – го советуваше еден коментатор.
Мажот сериозно ги сфатил неговите зборови и отишол на преглед. Излегло дека тој навистина има рак на десниот тестис. Иако таа шега на крајот му го спаси неговиот живот, докторите предупредуваат дека тестовите за бременост не може со сигурност во секое време да „намирисаат“ рак на тестисите, па редовните прегледи не треба да се избегнуваат.Откако открил дека неговата поранешна девојка во станот оставила не искористен тест за бременост, еден маж од љубопитност одлучил да се тестира. Но