Бројни експерти предупредуваат дека оваа пракса може да предизвика инфекција и иритација, со оглед на тоа дека улогата на срамните влакна е да го спречат влезот на патогените во интимните делови од телото на жените.И покрај тоа што многумина сметаат дека отстранувањето на срамните влакна е работа на хигиената, експертите наведуваат дека станува збор за една од најголемите заблуди на модерното време.
Природна заштита
„Станува збор за природна заштита благодарение на која интимната зона останува чиста. Таа го спречува контактот на кожата и слузокожата со честички на прашина, вируси и бактерии, овозможувајќи испарување на влагата која придонесува за размножување на габичките“ – вели др. Ванеса Мекој, член на Кралскиот колеџ за гинекологија и акушерство во Велика Британија.
Дури 62 отсто испитанички од САД, одговориле дека целосно ги отстрануваат влакната од интимната зона, додека 84 отсто тоа го прават во некоја мера.
Оваа пракса, во комбинација со нехигиенска долна облека како тангата, е чест причинител на бројни здравствени компликации како инфекции, воспаление на фоликулите, апсцес, лацерација и алергиски реакции.
Нив дополнително ги влошуваат синтетички материјали од кои е направена долната облека.
Мекој наведува дека дури и најситините исеченици по бричење, кои што не се видливи со голо око, можат да станат извор на бактерии и да предизвикаат проблеми.
Ширење на вируси
Пред извесно време, исто така се пишуваше дека отстранувањето на срамните влакна, без оглед на методот, може значително да го зголеми ризикот од високо заразна вирусна инфекција, односно ширење на покс вирусот молускум контагиум. Тие тврдења се базирани врз истражување на француски експерти.И покрај тоа што многумина сметаат дека отстранувањето на срамните влакна е работа на хигиената, експертите наведуваат дека станува збор за една од