Не правете ги: Ова се петте најчести грешки во припремањето на меленото месо

Меленото месо е неизоставлив додаток на секојдневните јадења што ги спремаме во домот. За да го искористите неговиот максимум, не правете ги следните грешки.1-Не го замрзнувајте меленото месо во оригиналното пакување: Пакувањето од продавница е претенко за месото да се заштити од екстремно ниските температури. Наместо тоа, месото ставете го во хартија или во алуминиумска фолија, па потоа ставете го во дебела пластична ќеса и складирајте го во замрзнувачот за понатамошна употреба.
2-Не го одмрзнувајте меленото месо во микробранова печка: Микробрановата ќе почне да ја готви површината од месото, и ќе го зацврсти првиот слој, пред месото да се одмрзне до крај. Најдобро е месото да го одмрзнете на природен начин.
3-Не го ставајте меленото месо во ладна чинија: Максималниот вкус и карамелизацијата на месото ќе ги постигнете ако одмрзнатото месо го ставите во топла чинија во која сте додале лажичка масло или путер. Не го ставајте во ладна чинија бидејќи ќе се залепи за дното и ќе добиете неугледна сива боја што никому не му е привлечна.

4-Исцедете го вишокот вода: Меленото месо со текот на динстањето го испушта вишокот вода, која испарува за време на долготрајната термичка обработка. Немојте да се плашите да ја исцедите оваа вода за време на готвењето, а особено ако следите некој рецепт и се грижите за тоа колку течност морате да додадете за спремањето на одреден сос или јадење.
5-Немојте да го миете меленото месо пред или по готвењето: Миењето на месото пред готвењето не ги отстранува бактериите од неговата површина, додека миењето по термичката обработка го отстранува целиот вкус.1-Не го замрзнувајте меленото месо во оригиналното пакување: Пакувањето од продавница е претенко за месото да се заштити од екстре

Пронајдете не на следниве мрежи: