НЕ ПРЕТЕРУВАЈТЕ СО КОНСУМИРАЊЕ: Компирите го зголемуваат ризикот од висок крвен притисок!

Консумирањето на компири, вклучувајќи го и чипсот, може да го зголеми крвниот притисок.Четири оброци со компири неделно, без оглед на нивниот начин на приготвување, доведуваат до 11% зголемување на ризикот од висок крвен притисок, во споредба со нивното консумирање помалку од еднаш неделно кај жените, покажува истражувањето на научниците од Бирмингем и Бостон.
Тие, исто така откриле дека мажите и жените кои јадат повеќе од четири пати неделно пржени компири, имаат 17% поголем ризик од висок крвен притисок.
Според истражувачите, замена на еден оброк компири дневно со други зеленчуци без скроб, го намалува за 7% ризикот од висок крвен притисок. Лекарите утврдиле дека најверојатно причината за односот помеѓу компирите и високиот крвен притисок е високиот гликемиски индекс (GI) на коренот. Храната со висок гликемиски индекс ослободува енергија побрзо и од таа причина побрзо го зголемува нивото на шеќерот во крвта.
Јадењата со висок GI се поврзуваат со лошо функционирање на клетките во телото, оксидативниот стрес, воспаленијата и сите потенцијално важни механизми за развојот на хипертензијата.
За да стигнат до своите откритија, научниците истражувале податоци на повеќе од 187.000 мажи и жени од три големи спроведени истражувања во САД во последните 20 години.
Друго истражување од јануари за влијанието на компирите, покажа дека жените кои се хранат со компири два до четири пати неделно имаат околу 27% поголема шанса да развијат дијабетес за време на бременоста. Оние кои се хранат повеќе од пет пати неделно со компири, го зголемуваат ризикот за 50%.Четири оброци со компири неделно, без оглед на нивниот начин на приготвување, доведуваат до 11% зголемување на ризикот од висок крвен притисок, во

Пронајдете не на следниве мрежи: