Овој пратеничкиот состав заврши со својата работа токму онака како што и започна на почетокот на својот мандат, без пратениците во од опозицијата пратеничките клупи, причината и тогаш и сега е многу слична, пред две години не ги признаваа изборите, а сега не сакаа да одат на избори. Kонтрадикторни се и нелогични. Ако не признавате едни избори, треба да барате други, а не да седите во институциите и на секаков возможен начин да се трудите да се инсталирате во власта и од внатре да ја блокирате и кочите.Овој парламентарен состав уште на почетокот од својата работа се соочуваше со многу предизвици и на моменти требаше да донесе многу тешки одлуки со една единствена цел да се реши наметнатата политичката криза во државата и да се намалат штетите од истата. Редовната работа на парламентот, иако исполнета со многу позитивни закони и мерки, остана во сенка на политичката кавга помеѓу партиите.
По 15 месеци бојкот, СДСМ се врати во Собранието, но очигледно само со една цел да ги блокираат институциите и добрите проекти кои ги поддржува мнозинството, а се во корист на сите граѓаните, да ги остварат исклучиво партиските интереси на СДСМ и во парламентот да внесат криза, проблеми, деструктивност и хаос.
СДСМ, покрај тоа што не ги поддржува проектите со кои значително им се подобрува животот на граѓаните во многу области, не успеа ниту да предложи нови, реални, издржани и добри законски измени.
Собранието на Република Македонија има единствена обврска да постапува, да ги застапува и да одлучува во насока на и за потреба на граѓаните на Република Македонија. Но, ова, за жал, не важеше и за пратениците од опозицијата, кои многу често гласаа против законски измени кои се од директна корист за граѓаните и државата. Тие гласаа против или, пак, не ја дадоа својата поддршка за следните многу важни законски измени:
– Набавката на ново оружје и модернизација на АРМ, што е од исклучително значење во ваков кризен период, во кој се наоѓа нашиот регион и цела Европа со мигрантската криза и зачестените терористички напади;
– Го блокираа донесувањето на законот за основање нов државен универзитет за национална одбрана, безбедност и мир – Дамјан Груев;
– Не дадоа поддршка за Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се предвиде обврска државата во текот на наредната календарска години да ги зголеми пензиите;
– Не дадоа поддршка за Законот за технолошко-индустриските развојни зони, кој е во насока на подобрување на условите за инвестирање и секојдневно работење во овие зони, како и дополнително и посилно привлекување странски и домашен капитал во истите;
– Не дадоа поддршка за измените на Законот за трговските друштва, со кој во пракса се предвидуваше имплементирање на одредбите на системскиот Закон за прекршоците во насока на драстично нивелирање и намалување на глобите за прекршоци.
Од друга страна, пак, во изминатите две години ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ како мнозинство во парламентот работеа и донесоа законски решенија со кои се решија голем број проблеми со кои се соочуваа граѓаните.
Додека пратениците од СДСМ не работеа, се донесоа следните законски измени:
– Изгласавме нов Закон за прекршоците и низа усогласувања на закони, со кои драстично, во некои случаи и за 85 отсто, се намалија глобите за прекршоци во Република Македонија;
– Со измени во Законот за социјалната заштита донесовме одлука за зголемување на социјалната помош за 10 проценти за 36.000 материјално необезбедени семејства;
– Донесовме низа измени на закони со кои го одобривме проектот „Македонија вработува“ и одделивме буџетски средства за реализација на истиот. До денес над 15.000 лица од разни категории најдоа свое работно место;
– Со измени во Законот за вработувањето и осигурувањето во случај на невработеност се гарантира зачувувањето на работното место на жени што користат породилно отсуство, а на фирмите им се овозможи користење буџетски средства за плаќање придонеси на вработените на местата на оние што користат породилно отсуство;
– Со нов закон за трансформација на работниот однос донесовме одлука на речиси 3.000 лица кои повеќе години, во некои случаи и над 12 години, работата како волонтери или под привремени договори да им се трансформира работниот однос на неопределено време;
– Донесовме закон за гаранција, со кој Република Македонија набави нови и современи возови, прв пат по 35 години;
– Со измена на Законот за здравствената заштита определивме да се одвојува по еден денар од кутија купени цигари, кој ќе се издвојува како средства исклучиво наменети за лекување на ретките болести;
– Донесовме низа закони за поедноставување на процедурите за изградба на нови фабрики во ТИРЗ-зоните;
– Со измените во Законот за исплата на платите донесовме одлука сите вработени во армијата, полицијата, здравството, образованието, културата, јавните претпријатија и останатите државни служби да добијат зголемување на платата за 4%;
– Донесовме Закон за гаранцијата, со што овозможивме започнување на проектот за изградба на нова клиничка болница во Штип;
– Донесовме и измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување и предвидовме зголемување на пензиите за 5%;
Го намаливме данокот на додадена вредност за добиточна храна и живи животни од 18 отсто на 5 проценти.
Го намаливме данокот на додадена вредност за бебешки производи од 18 отсто на 5 проценти.
Го намаливме данокот на додадена вредност за училиштен прибор од 18 отсто на 5 проценти.
– Донесовме одлука за издавање 4.500 вредносни ваучери за таблети за студентите;
– Донесовме закон со кој им овозможивме откуп на стаж на граѓаните на кои фирмите во минатото не им платиле придонес за пензиско и инвалидско осигурување и со тоа им овозможивме да добијат право на пензија;
– Со измени во закон ја подобривме можноста иселениците да ги користат придобивките на здравственото осигурување во Република Македонија;
– Изгласавме измени во Законот за работните односи, со кои го продолживме породилното отсуство на 15 месеци за мајките што ќе родат две, три или повеќе деца одеднаш;
– Со измени во истиот закон одобривме седмо по ред намалување на цените на лековите, овој пат беа опфатени 542 лека, а вкупниот број лекови чија цена е намалена со вакви одлуки веќе достигнува речиси 4.000;
Донесовме закони и одлуки со кои одобривме реконструкција на повеќе патишта низ Македонија. Такви се Битола – Макази, Ресен – Буково и Бошков Мост – Дебар;
Донесовме одлука за овозможување трет бесплатен циклус на инвитро-оплодување;
Најважно, мнозинството пратеници во Собранието на Република Македонија не дозволи да биде вовлечено во какви било комбинаторики и манипулации на штета на државните и национални интереси на Македонија. Иако овој мандат беше еден од најкратките, сигурен сум дека ќе остане запаметен.
Колумна на Илија ДимовскиОвој парламентарен состав уште на почетокот од својата работа се соочуваше со многу предизвици и на моменти требаше да донесе многу тешки одлуки со