Доколку не сте испланирале што да правите во попладневните и вечерните часови, ви препорачуваме да се повозите со новата автобуска линија на ЈСП-Скопје и да ја посетите скопската туристичка дестинација „Македонско село“, лоцирана во селото Нерези.Од денеска започна да сообраќа пробната линија бр.28 од Транспортен центар- Македонско село. Трасата на движење е: Транспортен центар, булевар Кузман Јосифовски Питу, булевар Кочо Рацин, улица 11 Октомври, улица Димитрие Чуповски, булевар Климент Охридски, булевар Партизански Одреди, улица Московска, улица Војвода Васил Чакаларов, улица Козле, Македонско село.
Возен ред – делничен:
– Транспортен центар: 7.10; 10.30; 12.10; 17.20; 19.00; 21.00; 22.40;
– Македонско село: 8.00; 11.20; 13.00; 18.10; 19.50; 21.50; 23.30; 1.15.
Инаку владиниот проект „Македонско село“ е комплекс што се состои од 12 автентични куќи- кумановска, делчевска, беровска, реканска, струшка, прилепска, тетовска, кратовска, галичка, битолска, велешка и куќа од Скопска Црна Гора.
Во секоја од нив во долните катови, на посетителите ќе им биде прикажан некој занает карактеристичен за регионот. Има и сместувачки капацитет за 100 гости.
Посетителите исто така, ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.
Во комплексот е изграден и Етнолошки музеј во кој ќе бидат изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини.Од денеска започна да сообраќа пробната линија бр.28 од Транспортен центар- Македонско село. Трасата на движење е: Транспортен центар, булевар Кузм
Пронајдете не на следниве мрежи: