Не се откажува од супермоделите: Ова е новата девојка на Леонардо Ди Каприо

Меѓу неговите поранешни девојки спаѓаат Жизел, Бар Рафаели, Ерин Хитертон и Тони Гарн. Сега, славниот глумец заведе уште една убавица.Ѕвездата од филмот „Wolf of wall street“ кој е на 40 годишна возраст, се гледа со манекенката Кели Рорбах која има само 24 години.

Двајцата биле приметени на една забава во Њу Јорк која била организирана после доделувањето на CFDA наградите.
 „Флертуваа цела вечер, Кели седеше во неговиот скут и интимно разговараа“ – изјавил еден очевидец.

 Извори тврдат дека минатиот викенд парот заедно уживал во Хемптонс. Глумецот изнајмил луксузна вила во која Кели, заедно со неколку пријатели, го поминале викендот.

 Уште во Април минатата година се шушкало дека Лео и Кели се во врска, кога биле видени во еден клуб во Лос Анџелес.
Ѕвездата од филмот „Wolf of wall street“ кој е на 40 годишна возраст, се гледа со манекенката Кели Рорбах која има само 24 години.

Пронајдете не на следниве мрежи: