Тешко е да се одолее на неговите изрази на лицето и актерските способност со кои наново воодушевува во секој филм. Станува збор за еден од најпознатите комичари на денешницата.Откако го напушти средното училиште, почна да работи во клубови за комичари, како и на усовршување на актерските способности во кои било вклучено и имитирањето на познатите личности.
Во 1979 година се сели во Лос Анџелес и почнува со работа во клубот за комичари The Comedy Store, каде што конечно е заебележан неговиот талент.
Подоцна, повремено почнува да работи на телевизија и да толкува помали улоги во филмови.
Успехот во 1994 година го доведува до првата главна улога во филмот „Ејс Вентура“, а истата година толкува уште две главни улоги во филмовите „Маска“ и „Глупав и поглупав“, кој му носи хонорар од седум милиони долари и статус на филмска ѕвезда.
Секако, станува збор за актерот Џим Кери.
Откако го напушти средното училиште, почна да работи во клубови за комичари, како и на усовршување на актерските способности во кои било вклучено и