Тој е женет 33-годишен татко на две деца, со сериозна работа како пилот на хеликоптер за брза помош. Да додадеме дека тој е идниот британски крал.Сепак, принц Вилијам докажа дека никогаш не сте доволно стари за да ве кара баба ви и тоа во неговиот случај, минатиот викенд на балконот од Бакингемската палата пред десетици илјади собрани луѓе, како и милионска публика која во живо го следеше славењето на 90. роденден на кралицата Елизабета.
Во таа прилика, членовите на кралското семејство се собраа на чуениот балкон за да го набљудуваат летањето на авионите при парадата направена во чест на кралицата. Во еден момент, принц Вилијам клекнал покрај синот Џорџ, што не ѝ се допаднало на неговата баба и во еден момент му покажала со рака да се крене.
Деталната снимка покажува дека Елизабета и остро му рекла да стане, во случај да не ја сфати нејзината гестикулација.
Вилијам моментално ја послушал без приговарање, со што веднаш стана мета на потсмев дека и на 33 години „не смее да ѝ писне“ на баба му.
Погледнете како изгледаше таа сцена:Сепак, принц Вилијам докажа дека никогаш не сте доволно стари за да ве кара баба ви и тоа во неговиот случај, минатиот викенд на балконот од Бакинг