Не судете за него врз основа на Facebook профилот

Врз основа на Facebook профилите се расправаме со партнерот, и на основа на нив судиме за него…
Повеќе од очигледно е дека друштвените мрежи го променија начинот на комуникација помеѓу партнерите, па дури и на оние потенцијалните.
Резултатите од една нова анализа покажале дека 44% од жените скришно ги читаат мејловите или смс пораките на својот партнер.
Она што е најинтересно е дека 46% од жените ги проверуваат потенцијалните партнери, дури и пред да одат на состанок со нив. Верувале или не дури 23% признаваат дека би го откажале состанокот ако не им се допаѓа она што веќе го виделе на facebook профилот.
Стручните лица од областа на љубовните врски советуваат дека сајбер шпиунирањето не е добро за меѓусебните односи со партнрот.  Исто така многу е погрешно да се донесе суд за личноста врз основа на неговите лајкови и слики на социјалните мрежи.
Ви се случува ли и на вас ова? Дали и вие судите врз основа на Facebook?
 Врз основа на Facebook профилите се расправаме со партнерот, и на основа на нив судиме за него…

Пронајдете не на следниве мрежи: