Колку е прекрасна оваа глетка. Да шеташ во центарот на градот или макар само за миг да да ти фати окото додека се возиш, па да налеташ на хејтерски билборд кој ќе те натера да се чувствуваш помало од зрно грашок.Изгледа некои луѓе не се помируваат со фактот дека во оваа земја живеат и други националности кои подеднакво ја сакаат Македонија и ја сметаат за своја татковина. Па добро човеку, која асимилација?
Историјата е одамна зад нас, нетрпеливоста (барем до ова прекрасно хејтерско билбордче) остана закопана, а што остана? Омразата! Се нанижија години, помина доста време, се сменија општествени уредувања, а кај нарачателите на билбордот си се таложи омразата ко дебел талог кафе во филџан. Ова да ти е страв по таквото кафе да си „стиснеш желба“ за да не ти се испече прстот од отровната омраза која како тиња се наоѓа во него.
Оваа земја не страда од „асимилацијата“ на етничките заедници кои живеат мирен живот во неа, туку страда од лажен патриотизам. Страда токму од вакви луѓе кои сеат омраза и нетрпеливост кај народот, страда од комплекси и малограѓанштина, страда од нарачатели на вакви билборди кои од „огромна“ љубов кон земјата ги надминуваат и уличните кучиња со своето лаење.
Тешко е да се биде човек, но мислам дека е потешко секогаш да бидеш нечиј трн во окото. Но, ете, многу трње имало, има и ќе има, не само кај нас, туку и секаде во светот (небаре многу рози се расцутеле). Сме живееле заедно во оваа градина наречена Македонија и ќе живееме, сите заедно – без исклучоци. Единствена работа која треба да се направи, е да се отстрани плевелот кој е олицетворен преку овој билборд.
Научете да бидете толерантни и да ги прифатите различностите, бидејќи тоа ќе ви ја осветли темната душа – токму тоа ќе ве направи да бидете луѓе.
СТОП за омразата, СТОП за комплексите!Изгледа некои луѓе не се помируваат со фактот дека во оваа земја живеат и други националности кои подеднакво ја сакаат Македонија и ја сметаат за с