Не управуваат вселенски резонанци кои предизвикуваат катастрофи

Додека на крајот на минатата година многумина од нас со трепет очекуваа уште еден крај на светот, Владимир Сухарев, доктор на технички науки, професор од украинскиот Национален универзитет за биоресурси и користење на природата, само се насмевна. Тој знаеше со сигурност дека во овој “судбински” ден ништо нема да се случи.
Сухарев разви и тестираше концепција на вселенска бранова електромагнетна резонанца (КВЕРК), во која за првпат се направени строго научно физичко-математички објаснувања на влијанието на вселенските сили врз природните, техничките, општествено-политичките настани, како и врз здравјето на човекот и сите страни на неговото битие. Тоа овозможи сите необични минати и идни ситуации да се пресметуваат со точност до минути.
Ви го пренесуваме интервјуто на проф Сухарев, машински инженер по образование и материјалист по убедување, за весникот “Беларусь сегодня”.
Сакам прецизно да ја објаснам физичката природа на светот кој не опкружува. Денес во различни области на знаењето постојат многу мистериозни и навидум неповрзани меѓусебно феномени за кои модерната наука не може да даде разумен одговор. На пример на кој начин планетите влијаат на настаните на земјата? Како се објаснува природата на соларната активност и нејзината периодичност? Како да ги откриеме циклусите на тнр вселенски дождови, при што активноста на кометите и астероидите се зголемува стотици и илјадници пати? Зошто урагани, кои ги имаат сите предуслови за почеток, во некои случаи се развиваат, а во други не? А епидемиите?
Како ги замислувате глобалните физички процеси кои се случуваат во вселената?
Планетите во Сончевиот систем и нивните сателити (Титан, Калисто, Ганимед, Европа, Јо, Месечината и Тритон) се огромни натоварени тела. Условно кажано, тоа е ансамбл од инструменти, кои при нерамномерно движење емитуваат ниска фреквенција на бранови во просторот. Само не звучни, туку електромагнетни и гравитациски. Кога тие ќе се наталожат едни врз други се јавува електромагнетна резонанца – остар испад или пад на напрегнатост на полето. И ехото одекнува на Земјата во вид на едни или други несреќи.
При доминација на негативни бранови резонанци во поблиската вселена се јавува електромагнетен вакуум. Во атмосферата на Земјата опаѓа притисокот се засилуваат Циклоните, расте количината на урагани, тајфуни, континенталните бури. Тоа фаворизира сеизмички и вулкански активности. Се создаваат предуслови за формирање на постудена клима, па сè до леденото доба. При длабок електромагнетен вакуум престанува активноста на Сонцето, и стотици па дури и илјадници пати се зајакнува активноста и влијанието на кометите и астероидите. За планетите, лоцирани блиску до сонцето, нагло расте веројатноста од несреќи поради судири со вселенски тела.
Кај повеќето позитивни бранови резонанци сликата пак е спротивна. При пораст на атмосферскиот притисок на Земјата се јавуваат услови поволни за антициклонска активност – се формира сончево време со топли денови во текот на летото и ладно во зима, се намалуваат сеизмичките и вулканската активност. Се зголемува  нивото на океаните, расте бројот на геомагнетни бури – поларните светлости и други необични природни феномени.
Понатака на Сонцето се создаваат дамки, се засилува сончевиот ветер, почнуваат ерупции и исфрлање на сончеви бранови. Сонцето така го исфрла вишокот внатрешна енергија акумулирана во текот на нуклеарните реакции.
Што е во коренот на вашиот закон за вселенска резонанца?
По анализирањето на илјадници катаклизми и направив паралела меѓу земните настани и однесувањето на вселенските тела, утврдив 86 едноставни бранови резонантни циклуси (23 меѓупланетарни и 63 планетно сателитски) со времетраење од половина година до 127 000 години. Совпаѓањето во пределите на планетата земја истовремено на неколку едноставни резонантни циклуси служи како механизам за формирање на секој вонреден настан. И колку покатастрофално е настанот, толку повеќе резонантни циклуси се погодуваат на тој одреден датум. Во тоа е суштината на концептот.
Што сте откриле во далечното минато со вашиот систем на пресметки?
Со точност до еден ден ги воспоставив датумите на 143 важни настани. Пример јас сметам дека планетата Земја се родила во 4614137830,77 п.н.е. Катастрофата која ги уништи диносаурусите, се случила во 67890051,188 п.н.е., а глобалната катастрофа на Сончевиот систем, е всушност почетокот на раѓањето на органскиот живот на Земјата – во 3819030776,28 п.н.е.
Светскиот потоп се случил во 11542,7538 п.н.е. Атлантида потонала во 9564,773 п.н.е. Детали за тоа може да се прочитаат во моите книги “Светот е управуван од закони на вселенските резонанци”, “Епидемиите доаѓаат од вселената”, “Сите катастрофи на Земјата” и други.
Со што резонанцата на човекот?
Се изоструваат хроничните проблеми. Расте бројот на фатални несреќи. Се засилува метеоролошката чувствителност. Нагло растне бројот на погрешното делување – вселенските резонанци ја нарушуваат нормалната активност на мозокот и психата, воведувајќи го поединецот во психолошки процеп.
Може ли откако ќе се пресмета денот на можната катастрофа, да се утврди каде ќе се случи тоа?
Неопходно е да се сфати природата на брановите вселенски резонанци. Неправилно е да се верува дека тие се главниот и единствен фактор за вонредни настани. Тие имаат улога само на резонанца, водејки го еден или друг настан кон логичен крај. Пример вулканот може да собира енергија во текот на стотици години и да е подготвен да еруптира. Но ерупцијата побрзо ќе настапи во резонанца со ден со намален притисок.
Во пресметките ја мерите и Месечината. Многу од нашите читатели во секојдневниот живот, исто така го користат лунарниот календар.
Месечината поради нејзината близина до Земјата има врз нашата планета 2,25 пати посилно гравитационото влијание отколку Сонцето, и илјада пати посилно во споредба со останатите планети од Сончевиот систем. Затоа таа многу силно влијае на физичката состојба, однесување и психичката состојба на човекот.
Во секој лунарниот месец (со времетраење 29,5 земни денови) има седум неповолни дена – ова се 4, 9, 15, 19, 23, 26 и 29 и лунарниот ден. На 4-тиот лунарниот ден се зголемува бројот на потези (особено во утринските часови), напади на епилепсија, се влошуваат психичките болести. 9-иот лунарниот ден е време на заблуди, илузии, измами и труења. 15-иот паѓа на полна месечина. Тоа е време на процут на емоционалност и психичка напнатост, во него се забележува раст на самоубиствата, инфаркти и мозочни удари. 19-иот лунарниот ден е опасен со труење и зависности. 23-тиот ден е поврзан со разурнувања, насилство, провокации, искушенија за одмазди, со малтретирање и прогон. Расте склоноста кон конфликти и авантури. 26-иот ден е поврзан со кавги, грабежи, суета. Човек треба да се чува од остри предмети, можни се несвестица, нарушувања на видот, осип по телото. И конечно 29-тиот лунарниот ден се паѓа на месечина, кога човек е раздразнет и може да се разболи лесно, расте бројот на сообраќајните несреќи, несреќи предизикани по вина на човечкиот фактор.
Каква е прогнозата за “црни” датуми во наредните децении?
Тоа ќе бидат години, во кои ќе се формира најголем број меѓупланетарна резонанси со учество на планетите гиганти – Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун: 2024-2028, 2041-2042, 2065-2068, 2080-2081 и 2092-2096. Најголемата катастрофа може да се случи во средината на август (приближно 14-и) 2126 година, кога земјата може да се соочи со кометата Свифт-Тејтл. Иако е можно дотогаш научниците да создадат механизми за превензција од слични катаклизми. Поврзано со катастрофа е и приближувањето на Халеевата комета со Земјата во третата декада на март 2139 година
Произлегува дека вселенските резонанци носат се најлошо.
Како да кажам – несреќа која ги уништи диносаурусите, е можно истата да е поврзана со појавата на хомо сапиенс, односно на мене и вас.Додека на крајот на минатата година многумина од нас со трепет очекуваа уште еден крај на светот, Владимир Сухарев, доктор на техн

Пронајдете не на следниве мрежи: