Пиењето вода пред и за време на јадењето е навика која ја имаат многумина. Новите сознанија укажуваат на тоа дека пиењето вода за време на оброкот прави повеќе штета отколку корист.Зошто не е добро да се пие вода за време на оброкот? Нутриционистката Робин Јоукилис во својата книга ‘Go With Your Gut’ тврди дека таа навика му штети на варењето и апсорпцијата на хранливи материи во организмот.
Јоукилис препорачува да не се пие вода половина час пред и еден час по јадењето. Ако мора да се напиете вода додека јадете за полесно да ја проголтате храната, земајте мали голтки. Во спротивно, односно ако испиете поголема количина вода одеднаш за време на оброкот, може да дојде до разредување на резервите на хлороводородна киселина во желудникот која е клучна за правилна разградба на храната.
„Пиењето вода за време на оброкот може да направи повеќе штета отколку корист. Преголемата количина на течност за време на оброкот може да предизвика надуеност, проблеми со варењето и да ја спречи правилната апсорпција на хранливи материи“, потврдува нутриционистката Али Милер.
Идеалниот pH во желудникот, додава Милер, изнесува 1 до 2 и таквото ниво на киселост помага во разградувањето на протеините, поттикнува ослободување на ензими за варење, помага во апсорпцијата на витамини како Б12 и во претворањето на храната во каша што го олеснува варењето. Кога пиете додека јадете, целиот тој процес се забавува и тогаш доаѓа до надуеност и лошо варење.
Во тој случај, кога е најдобро да се пие вода? За здрава дигестија во текот на оброкот испијте најмногу два децилитри вода (во мали голтки). Во текот на остатокот од денот пијте вода помеѓу оброците што ќе ви помогне да ја избркате „лажната“ глад која ја чувствувате кога всушност сте дехидрирани.Зошто не е добро да се пие вода за време на оброкот? Нутриционистката Робин Јоукилис во својата книга ‘Go With Your Gut’ тврди дека таа