„НЕ“ ЗА РЕФЕРЕНДУМ ЗА УСТАВНОТО ИМЕ, „ДА“ ЗА УСТАВНА ЗАБРАНА ЗА НЕГОВА ПРОМЕНА

Дали сеуште има Македонец во земјата или во дијаспората на кого не му е јасно што се случува во македонската политика? Сега, после се, дали се уште може да се најде некој наивец кој би сметал дека утрапениот од странскиот сценарист троец на политичката сценаолицетворен преку Заев-Шеќеринска-Никола Димитров е оправдано и легитимно сместен на местата кај што се затоа што македонските граѓани така одлучиле порадиостварување некакви повисоки национални и државни цели, или се таму кај што сценаристот замислил да ги смести поради зацртаната цел да се финишира пеколниот план за брза промена на уставното име Република Македонија, и за конечно обезличување на Македонецот. Дали се уште постои сомнеж меѓу кој било Македонец дека троецот утврден и поставен од страна на сценаристот не е ништо друго, туку македонски бермудски триаголник кој треба да го однесе уставното име Република Македонија во мистериозен и неповратен правец за денешните и за сите идни македонски генерации.
Овој троец драги мои сограѓани е многу внимателно одбран и „перен во мозоците“ подолг временски период со цел успешно завршување на операцијата на сценаристот, решавање на спорот со Република Грција на начин и со име што одговара на грчките интереси. Република Македонија и сите Македонци денес се очигледно ставени пред свршен чин. Најавите од грчкиот министер за надворешни работи, Коѕиас, дека Грција нема да отстапи од црвените линии едно име за севкупна употреба, значат само едно. Грција нема да направи ни милиметар отстапка во однос на решавањето на спорот што Грција го има со нашето име. Се бара и ќе се добие од натопорената тројка без мнозински легитимитет од македонските граѓани Република Македонија значително да ретерира од ставот што го држеше ВМРО-ДПМНЕ и да се согласи да го промени уставното име со цел членство на земјата во НАТО, а потоа и започнување преговори со ЕУ. Цената што е најавено дека ќе ја платат тројанскиве коњи поставени на трите клучни позиции во државатае цена што, всушност, ќе ја платиме сите ние, Македонците, нашите деца, нашите внуци.Тројанциве нема да добијат негативна фактура како нас, туку ќе добијат унапредување на нивните политички кариери и експресно во форма на награда ќе бидат инсталирани во НАТО или во ЕУ структурите како „наши“ претставници откако ќе ја завршат домашната работа. Преку нашиот грб, преку цената на нашето обезглавување и обезличување, тројкава и сите што ги поддржуваат ќе си бидат сместени како во НАТО и во ЕУ фотелјите без око да им трепне за сите нас останатите. Каков парадокс, каква иронија. Тие што ќе направат се да не обезличат и обезименат ќе бидат испратени како „наши“ претставници во НАТО и во ЕУ администрациите како награда за сработеното. Како награда за извршеното колективно национално убиство. Целта на убиството е Македонецот да не може и да не смее да се нарекува Македонец во иднина. Тоа прво ќе му биде забрането од страна на актуелната квинслиншка власт во државата подготвена да гази и на лешеви само и само да си ги оствари своите болни кариеристички интереси, да бидат индивидуално вградени во институционалниот систем на нивните робовладетели, да бидат поблиску до нив, што е можно подалеку од небањатиов и прост народ што го презираат и им се гади од него. Потоа, забраната за употребата на името Македонец ќе ни дојде и од останатите инволвирани субјекти директно вклучени во менаџирањето на оваа крупна политичка операција.
Сценаристот има ниет да не внесе во НАТО со сменето име на пролет 2018 година, барем такви се официјалните информации што циркулираат во јавноста. Тоа, како што се изјаснија официјалните грчки политички претставници нема да биде можно со постојната „привремена“ референца БЈРМ, туку со сосема ново име по грчки терк за севкупна употреба. Или во превод тоа значи дека грците ќе ни бидат кумови, и по 26 години самостојност и независност ќе ни прават нова крштевка. Крштевка за навек. Тие како наш нов духовен татко ќе ни одредат како ќе се нарекуваме внатре во нашата држава, и како треба да не нарекуваат другите држави и меѓународни организации во политичките и во севкупните односи. На што ви личи ова драги мои Македонци освен на целосна без рбетна национална капитулација и национален срам на векот. Да биде иронијата уште поголема, во ова веќе изрежирано сценарио, сценаристот не не заборавил и нас Македонците. Срамот и перверзијата на сценариото оди до таму што ние самите ќе треба да си го потврдиме новото име. Демек никој друг не ви го дава новото име, иако направивме се да ве превесламе до тука, туку вие самите си го одбравте, и си го потврдивте на „кредибилен“ референдум. Токму затоа е предвиденода постои референдумот. Да ни го тутнат новото име без разлика на нашето гласање. Така како што Шкотланѓаните успеаа да ги превеслаат дека наводно гласале против излегувањето од сојузот со Обединетото кралство. Местењето на официјалните резултати на референдумите ширум светот според интересите на големиот  сценарист е негова најголема специјалност. Токму затоа, ако учиме од сопственитеДали сеуште има Македонец во земјата или во дијаспората на кого не му е јасно што се случува во македонската политика? Сега, после се, дали се уште

Пронајдете не на следниве мрежи: