Во последната дебата на ТВ Нова, некогашниот оџа Рамадан Рамадани за кој Американската влада во изештај го дефинира како пропагатор на радикален исламизам, имаше очаен обид да ги оправда халуциногените изјави на опозицијата во последните две години.Немањето на доволно аргументи го предизвика Рамадани да влезе во некултурна конфронтација со Директорот на Државниот Архив, д-р Филип Петровски, кој и покрај навредите се обидуваше со должна почит да му се обраќа пред Македонската јавност. Сепак, како и Рамадани соросоидните гласноговорници по нарачка на СДСМ денес се сведоа на ниво на уличари па го форсираа „говорот“ на Рамадани, восхитувајќи се на неговата апсолутна „пајташка“ некултура.
Нервозата која ја покажа Рамадан Рамадани, се рефлектираше и кај неговите поддржувачи кои разочарани од неможноста Рамадани да ги одбрани своите ставови, тргнаа со закани по животот на директорот на Државниот Архив Филип Петровски.
Тоа е начинот на кој функционираат поддржувачите на СДСМ и Зоран Заев. Ултра радикални исламисти кои кога ќе почувствуваат немоќ, прибегнуваат кон насилство со цел да го замолчат подобриот.Ова беше причината поради која Рамадани ги спрегна своите „пајташи“ во обид да го замолчат Петровски.