Многу го сака својот партнер и многу ѝ е жал за тоа што го сторила. То било само секс за една ноќ. Најлошо од се е што е бремена, но не може со сигурност да каже кој е таткото на нероденото дете…„Имав фантастичен секс со поранешното момче кога бевме бијани една вечер- беше како некогаш кога имавме прекрасен љубовен живот. Но, сега открив дека сум бремена и сум многу исплашена бидејќи детето би можело да биде негово, а не од сегашното момче. Јас имам 26 години, а мојот партнер 29. Заедно сме две години.
Го изневерив само еднаш додека бевме на хуманитарно пливање со пријателите далеку од дома. По пливањето одтидовме да се најдеме со некои стари пријатели и тогаш го сретнав поранешното момче. Тој има 27 години.
Оној момент кога се разбудив следното утро сфатив дека тоа што го направив не можев да поверувам колку сум глупава. Сето тоа се случи откако вечерта ја поминавме разговарајќи за старите времиња. Се понуди да ме одведе дома, но наместо отидовме кај него. Испивме премногу. Тоа беше мојата најголема грешка. Јас навистина многу го сакам своето сегашно момче.
Тој е прекрасен . кога дојдов дома ме праша каде бев, му кажав дека преспав кај пријателка. Ми поверува, но многу се срамам од тоа што го сторив.
Му кажав на поранешното момче дека сум бремена. Ми рече дека ќе биде покрај мене. Уверен е дека детето е негово бидејќи датумите се совпаѓаат. Сака да му ја кажам вистината на момчето, но јас не сакам да го изгубам. И тој знае дека сум бремена и е многу среќен што ќе стане татко. Како што минуваат деновите ми станува се потешко да му кажам дека не знам кој е таткото на бебето, а молчењето ме убива.„Имав фантастичен секс со поранешното момче кога бевме бијани една вечер- беше како некогаш кога имавме прекрасен љубовен ж