Белгискиот експерт и олеснувач Питер Ванхауте, важи за една од фигурите кои треба да го спроведат Пржинскиот договор, но по сѐ изгледа е зафатен за ширење пропаганда и бесмислици.По многубројните досегашни удоволувања и условувања кои секојдневно пристигнуваат од страната на опозицијата, изгледа дека Ванхауте преферира да си игра со нервите на македонскиот народ, па побитно му е да се исмева со владејачката гарнитура во земјава отколку да се загрижи за кризната ситуација со која моментално се соочува Белгија по терористичките напади.
Како да не е доволно што се исмева со уставниот поредок во земјава, уште продолжува да ги објавува добро познатите мемиња со мачки и да се исмева со изгледот и инфраструктурата на Скопје.
Во неговото интервју за Нова, тој наведе дека е невозможно да се одржат избори на 5 јуни и покрај вложените напори на ВМРО-ДПМНЕ да ги исполни и реализира зададените услови од Пржинскиот договор, а сега наведе дека е можно и тој да е прислушуван.
Ваквиот став е загрижувачки, посебно поради фактот што тој стои зад луѓето кои наместо да си ја вршат функцијата, излегуваат да протестираат против државните институции и силите за безбедност (во случајов, станува збор за техничкиот министер Оливер Спасовски којшто свесно одеше да протестира пред Уставниот суд). Ванхауте ги здружува силите со луѓето кои веќе се наоѓаат во затвор поради криминални и недозволени дејствија (ослободувањето на Верушевски и воедно и самиот осомничен за прислушување и за нелегално поседување оружје, детска порнографија и за уште неколку други тешки кривични дела).
Зошто тогаш не се загрижи за сопствената приватност и безбедност? Можеби е доволно да се рече затоа што игра за истиот тим – тимот кој на неуставен и насилен начин сака да дојде до политичка моќ.По многубројните досегашни удоволувања и условувања кои секојдневно пристигнуваат од страната на опозицијата, изгледа дека Ванхауте преферира да си