Шарените се бунат, имало луѓе од Стајковци и другите села што не ги сакале да ги пуштат ни фекалиите од дома да им ги исчистат. Од вас – ништо, била пораката. Во гомна ќе спиеме, ама вас очи да не ви видиме. Ете тоа е дострелот на странската револуција во Македонија со домашни морони. По ова, можеби е појасно зошто имаме амбасадорски молк изминатата недела. Тие што од врат не можевме да ги тргнеме дури ни за баналности, како, на пример, кога на Kатица Јанева ќе ѝ се скине гумичката од чешмата, па тоа значело дека Владата го кочи СЈО, сега како да се во нирвана фаза. На толку фрлени пари по револуции, ваков резултат значи само стравотна бламажа.Ама не губете надеж. Ќе дојдат подобри денови. Нека помине гужвата со поплавите и со загинатите, па пратете ги пак шарените нека кршат канцеларии и нека фрлаат куртони со боја кога веќе им пропадна палењето на бараките од Град Скопје. Од таа банда на која и лопатите не ѝ ги сакаат – толку!
Во целата оваа трагедија, блиску до степенот на гадење предизвикан од бројот на загинатите, беа дежурните барабанџии на „Фејсбук“. Седиш дома, пиеш пијалак со цевче и го дрвиш како во државава ништо не чинело. И како луѓето можеле да се спасат. Е, сега, имало и такви што во саботата вечерта спасиле некого и кои во неделата утрото веднаш беа таму, ама тоа не е за барабанџииве. Оти ќе нема кој да седи на „Фејсбук“. Па да каже кој што требало да направи, а не направил. Kој требало да посади дрвја, а не ги посадил. Kој требало да направи канал, а не го направил. А истата недела никој од тие не ни знаеше што е тоа Сингелиќ и каде е. Дали е тоа исто што и населбата Ченто или нешто друго. Арно ама таквите веднаш знаеја и што се случило и кој е виновен за тоа. А инаку, таквите г…јадци ни на пазар не можеш да ги пуштиш. Навистина, продавачите се борат за секоја пара, ама не им дошло до толку за да мора да ја трпат секоја празна лејка да им обесува за стоката. Но, затоа тие што не ги бидува за на пазар се силни кога се дома. Тогаш се знаат. И се можат.
Истите тие ја извадија на ѕидот на срамот и МПЦ. Демек, црквата не давала. Оти кога таа дава, тогаш треба сите камбани да ѕвонат. Такво е црковното правило. Па следниот пат кога некој ќе добие парче леб од МПЦ, тоа да се разгласува преку оние комбиња со звучник кои порано шетаа низ градот кога ќе дојдеше некој циркус. Ама МПЦ одамна не е по комбиња, туку по „мерцедеси“, па не разгласи, што ги натера оние свештеници што не се по „мерцедеси“, туку по лопати, да почнат да објавуваат слики по „Фејсбук“ за тоа како помагаат по селата, што даде можност да видиме какви раце имаат. Па со оглед на тоа и да заклучиме дека ним ако им згрешиш, подобро да ти фрлат некоја анатема отколку да те земат на превоспитување. На стандарден балкански начин.
Медиумите на овие што се знаат и се можат не беа подолу. Па така дознавме дека додека стотици граѓани се дават во кал и се без храна, вода и облека, во центарот на градот се издигна споменикот на Неџат Аголи.
Тоа што споменикот бил поставен претходно, ете да го занемариме. Излажале луѓето, тоа им е професијата за разлика од новинарската. Ама каква врска има споменикот, кој бил нарачан и платен претходно, со тоа што луѓето немаат храна и вода? Дента некој наш настапи на ОИ во Рио. Па, така, додека луѓето се дават во кал и немаат за храна и вода, во Рио нашиот пливач си пливкаше во базенот. Или во НУБ „Св. Kлимент Охридски“ донесени нови книги. Во МНТ одржана проба. Во општина Центар или Kисела Вода издадени дозволи за градба. Во училиште директорот донел молери. Во средата одигран натпреварот „Македонија ГП“ – „Работнички“. Додека луѓето се дават во кал. Бедно спинување, нели?
Најдебилни се, пак, оние што повторо в уста го зедоа целиот проект „Скопје 2014“ откако парите од него веќе ги потрошија за нов клинички центар. Па потоа истите пари ги потрошија за медицински апарати. Па со потрошените пари за клинички и за апарати изградија и нов автопат. Откако го завршија, ги дадоа веќе три пати потрошените пари за операции на деца во странство. Па за нови лекови за болните што не се на листата. Па со нив изградија барем десетина нови училишта. И на крајот, со истите пари го гасифицираа Скопје, па од оваа зима, наместо на струја или на дрва, ќе се грееме на гас бидејќи парите стигнаа и за луѓето да си ги приклучат домовите на гасоводните цевки во населбите.
Што повторно ја доведува Македонија во врска со Библијата. Таму Христос успеал со неколку риби и пет леба да нахрани 5.000 луѓе. Овде со едни исти пари направивме сѐ што не било направено од 1945 година. А штом тоа е можно, не знам тогаш зошто сите се жалат на мали плати и пензии. Kога со едни исти пари можеш да направиш се` што ти душа сака. Денес ги даваш за храна, утре за облека, задутре за автомобил. Милина. Маркс, Енгелс и Ленин можат сега мирно да почиваат. Оти секој навистина има сѐ што му треба.
Чичко ти Столе да стане, да види, плаче жената од едно од поплавените села кај која дошла Радмила Шекеринска. Немојте да станувате, нека седи, ѝ вели на жената омилената на Европејците политичарка. И жената можеби не ја чу, ама затоа Столе ја послуша. Не само што не стана, туку не остана ни да седи. Човекот, Бог да го прости, си продолжи да лежи. Ете тоа ти се вика збор на политичар со авторитет.
Пишува: Дарко ЈаневскиАма не губете надеж. Ќе дојдат подобри денови. Нека помине гужвата со поплавите и со загинатите, па пратете ги пак шарените нека кршат канцеларии и