Недела дена по венчавката открила стравична тајна за сопругот!

Јасмин Кулен (24) открила дека нејзиниот соспруг е педофил. Веднаш го пријавила во полиција. Тогаш дознала дека и претходно бил осудуван. Повторно завршил на суд.Јасмин Кулен мислела дека Џејсон Кулен е оној вистинскиот. Се запознале во паб и  се венчале по неколку месеци, а потоа таа открила страшна тајна. Се шокирала кога ги видела фотографиите од злоставување на деца на лаптоп. Веднаш го пријавила во полиција.
Го криел својот идентитет
Тогаш дознала дека Кулен (31), поранешен оператор во центарала за итни повици,  го криел својот идентитет и своето криминално минато. Две години порано бил затворен бидејќи кај него биле пронајдени 8000 фотографии од  детска порнографија кои ги  споделувал со други педофили. Одслужил половина од двете казни затвор и откако излегол ја запознал Јасмин.
Ѝ помогнала нејзината баба
Во се ѝ помогнала нејзината баба. Го пријавиле Кулен и дознале дека се вика Џејсон Ходсон. Повторно завршил на суд и добил условна казна. Јасмин веќе пет годни се обидува да се разведе од него, но тој не сака да соработува.
„Се чинеше толку нормален и мил. И денес понекогаш можам да поверувам дека тоа е истата личност. Сакам да верувам дека сето тоа е грешка, сакам да верувам дека тоа не е вистина“, вели Јасмин. Вели дака го сакала  и дека венчавката ѝ била најубавиот ден во животот.

„Под стрес сум кога мислам на него. Разводот ќе биде првиот чекор кон мојот нов живот“.
Јасмин Кулен го запознала во 2010 додека работела во паб. Набрзо ја запросил и  се венчале во 2011. Живееле кај нејзината баба. Баба Џенифер (65) недела дена по венчавката го прегледувала својот лаптоп и  нашла шокантни фотографии кои Кулен ги данлоудирал. На некои фотографии биле деца стари само две години. Кулен подоцна повторно го променил името па уште повеќе го отежнал разводот. Сепак Јасмин се надева дека наскоро  ќе може да разведе поради фактот дека парот веќе со години не живее заедно.Јасмин Кулен мислела дека Џејсон Кулен е оној вистинскиот. Се запознале во паб и  се венчале по неколку месеци, а потоа таа открила страшна та

Пронајдете не на следниве мрежи: