Недела на ајкулите: Shark Week започнува на Дискавери

Телевизискиот настан „Неделата на ајкулите“ (Shark Week), се прикажува на Дискавери веќе 28 години. Во Македонија овој настан се прикажува последната недела од август. Од 24-30 август Дискавери ќе нѐ забавува и информира со документарната програма посветена на ајкулите и ќе нѐ предупредува за загрозеноста на овој вид.Секој ден во 23 часот премиерно ќе се прикажува документарната програма полна со нови информации и факти посветени на овие животни.
Вклучете се во потрагата по најголемата женка било кога забележана како и ајкулите од неистражените делови на океанот. Минатогодишниот Shark Week во светот е оценет како најдобар во историјата, а во таа недела привлече повеќе од 42 милиони гледачи.
Време е за соборување нови рекорди, бидете спремни за најдобрата телевизиска забава.
Распоред на премиери:
Понеделник, 23 часот – Островот на големото морско куче
Џеф, Енди и Дики, експерти за ајкули, патуваат на вулканскиот остров Гвадалупе во Тихиот океан и со помош на нови методи и технологија и трагаат за некои од најголемите ајкули во светот.
Вторник, 23 часот – Големата бела невеста
Следете ја потрагата по најголемата бела ајкула.
Среда, 23 часот – Враќањето на белиот сериски убиец
Експертите Ралф и Брендон ги бараат одговорите врзани за најголемите напади од ајкули. По два фатални напади во 2010 и 2012, експертите се прашуваат дали истата ајкула ќе нападне повторно и зошто?
Четврток, 23 часот – Кубанското морско куче
Експедицијата која трага по ајкули ги обединува американските и кубанските научници во заедничка потрага во сѐ уште не истражените делови на светот. Режисерот Иан Шив и тимот истражувачи тргнуваат во Хавана да посведочат на 6 метарската ајкула „El Monstruo“.
Петок, 23 часот – Вонземски морски кучиња: блиски средби
Научникот Пол Клеркин се служи со најновите методи и технологии за да ги истражи морските кучиња и да се приближи на некои од најнеобичните ајкули во најдлабоките делови на океанот.
Сабота, 23 часот – Чудовиштето Мако
Научниците тргнуваат на експедиција да го истражат видот Мако, малку познат вид кој живее во Мексиканскиот залив.
Недела, 23 часот – Патеките на ајкулите
Зошто заливот на Флорида е новата жешка точка за големи бели ајкули во Атлантикот?
Секој ден во 23 часот премиерно ќе се прикажува документарната програма полна со нови информации и факти посветени на овие животни.
Вклучет

Пронајдете не на следниве мрежи: