Неделен хороскоп 02.12.2013-08.12.2013

Вашиот неделен хороскопОвен 
Пречувствителни сте и предизвикувате нервоза кај многумина. Сите коментари ви пречат. Бидете директни а не конфликтни.  Од среда започнете со нови планови и организации. Изборете се за својот статус и докажете се. 
Бик
Оваа недела ќе биде многу успешна. Ќе имате одличен однос со сите соработници. Можено е кратко но одлично патување. Ве следи добро расположение а со партнерот имате одлична комуникација. Можна е парична добивка.
Близнаци
Вас ништо не може да ви избега. Се гледате и се слушате. Еден коментар би можеле погрешно да го сфатите. Размислете уште еднаш. За финансиската ситуација не треба да се грижите. Личноста која ви се чинела затворена конечно го менува своето однесување кон вас. 

 
Рак
Очекувајте почетокот на неделата да биде полн со возбудувања.  Сите околу вас ќе сакаат да бидат во вашето друштво. Оваа енергија ќе ве држи до среда. Во четврток, петок, сабота и недела посветете се на деталите и работете што можете помалку рутински работи. За викенд посветете му се на својот дом.
Лав
Оваа недела ќе им помагате на сите околу вас. Вашата топлина ќе ја прифатат сите околу вас. Се до среда ќе бидете во центарот на вниманието. Во четврток, петок и сабота посветете се на долгорочното планирање кога е љубовта во прашање. Во сабота и недела фокусирајте се на своите пријатели. Излезете со нив и добро забавувајте се.
Девица
Започнете оваа недела да организирате некоја забава. Енергијата ќе ви биде јака и експанзивна, па ќе биде потребно некаде да ја испразните. Дури од четврток повторно ќе бидете способни да се вратите на своите стандардни обврски. Бидете позитивни, разиграни и подготвени да ги исполните сите очекувања на околината. За викенд ве очекува емотивна средба.

 
Вага
Потрудете се на самиот почеток на неделата да ја гледате својата работа и да не се мешате каде што не е потребно. Некои случувања ќе ви ја променат вообичаената рутина во понеделник. Во среда другите ќе ве гледаат како лидер. Бидете великодушни кога се во прашање нови идеи. Од четврток до сабота посветете им се на пријателите. Бидете внимателен слушател и подршка во секоја смисла. Саботата е одлична за романтични средби.
Шкорпија
Оваа недела ќе имате многу прилики да си угодите на себе си. Направете се што ќе посакате. Понеделник е одличен за остварување на некои амбиции. Во среда некои потреби ќе треба да ги ставите во втор план. Четвток, петок и сабота поминете ги со саканите. Ве очекува одлична забава и прилика да дознаете некои тајни. Недела е одлична за одмор.
Стрелец
Бидете доследни на себе си на почетокот на неделата. Не дозволувајте некој да влијае на вашето мислење и став. Во вторник ќе се најдете во ситуација да бирате страни. Среќата ќе ве следи од среда до сабота во ситуации кои со себе носат одреден ризик. Бидете храбри во тие денови. Во петок ќе бидете нетолерантни кон секој што не се согласува со вашето мислење. За време на викендот поработете на својата самодоверба.

 
Јарец
Во понеделник и вторник ќе чувствувате промена во воздухот и што е најважно вие ќе бидете таа личност што е подготвена да се менуваа. Обратете внимание на новите идеи и деловни можности. Среда е ден во кој треба да поработите на својата импулсивност. Од среда па се до сабота емоциите ќе ви бидат особено нагласени. Викендот искористете го за завршување на повеќето обврски.
Водолија
Не губете ги нервите за мали работи кои ќе ви пречат од понеделник па се до среда. Потребно е да останете прибрани и да не се трошите на детали, бидејќи во среда постои шанса да пропуштите важна деловна прилика. Четврток е одличен за експриментирање- и мали промени во вашиот изглед ќе ве направат задоволни во својата кожа. Во сабота обратете внимание на вашите финансии.
Риби
Нови познанства ве очекуваат во понеделник. Во прашање се работни контакти. Вторник носи потешкотии во комуникацијата. Проблеми со партнерот може да се појават во четврток, а се поради вас и вашите преголеми желби. Најдете време за саканата личност и недоразбирањата брзо ќе поминат. Сабота и недела се денови кога е добро да му се посветите на семејството.Овен 
Пречувствителни сте и предизвикувате нервоза кај многумина. Сите коментари ви пречат. Бидете директни а не конф

Пронајдете не на следниве мрежи: