Неделен хороскоп 05.09.-11.09.2016

Неделен хороскоп 05.09.-11.09.2016Овен 
Внимателно ги следите новите информации или важни случувања на работната сцена, со намера успешно да ги остварите своите долгорочни интереси. Делувате снаодливо и умеете да придобиете нечија доверба. Тимската работа претставува сјајна шанса да го проширите своето сознание од одредени области и да напредувате на различни страни.
Бик
Постојат различни гледиша помеѓу соработниците во решавањето на некои работни интереси, нови недоразбирања создаваат напната атмосфера во вашето опкружување. Не дозволувајте некој да ве наведе на импулсивна реакција или на избрзани потези. Избегнувајте јавни расправи, работни надмудрувања или докажување на вистината пред соработниците кои располагаат со поголем авторитет. 
Близнаци
Успехот кој го имате остварено ви дава за право да применете нови критериуми или услови во работната-финансиска соработка. Делувате нескромно и умеете да претерате во своите барања, не можете да се помирите со просечните резултати. Сепак, основно „мерило“ на успехот и вредноста, никој не може да го оспори или промени во своја корист.
Рак
Умеете да остварите реална проценка и да го наметнете своето мислење пред соработниците. На добар начин ги вреднувате новите работни ситуации, така што не се впуштате во финансиски ризик. Може да се пофалите со успешно посредување или комуникација, која ви помага да ги остварите своите практични интереси на различни страни.

 
Лав
Важно ви е да остварите високи професионални стандарди, но вашите соработници имаат поинакви мерки на вредност и често ја менуваат својата стратегија на делување. Не дозволувајте различни недоразбирања суштински да влијаат на квалитетот во заедничкото работење.
Девица
Во согласност со своите практични интереси избирате нови работни теми или цели. Сепак работната нота која ја заговарате наидува на неодобрување кај некои соработници. Потребно е да направите компромис и заеднички договор, како услов за долгорочен успех Вештината на прилагодување на различните професионални стандарди донесува поуспешни резултати.
Вага
Внимателно проверувате различни информации кои влијаат на работната динамика или на остварувањето на вашите планови. Делувате активно и умеете да употребите успешна формула во работењето, без оглед на ситуацијата во која се наоѓате.
Скорпија
Потребно е да ги прилагодите своите критериуми во однос на интересирањата кои преовладуваат на работната сцена. Се наоѓате во добра форма и позитивно опкружување. Добрата работна проценка претставува основен услов за успешна соработка. Проширете ги своите интересирања во различни области, нема причиина да се задржувате на сегашните позиции.

 
Стрелец
Важно ви е да дефинирате заеднички професионални цели и интереси со соработниците кои имаат различно мислење. Јасно ви е дека претераното експонирање или дополнителниот ризик на службените средби претставува лош избор, подобро е да ги следите „зацртаните правила“ и утврдените критериуми.
Јарец
Имате впечаток дека ситуациите на работната сцена се менуваат во позитивен правец и во согласност со вашите основни итнереси. Но, не сакате некој да го користи вашето знаење или професионални способности наспроти заедничкиот договор. Поради судирот на различни интереси, чесно наидувате на неочекувани проблеми на средбите со соработниците. 
Водолија
Потребно е прецизно да ги разграничите своите работни обврски. Претераната ангажираност на различни страни може да предизвика низа на непријатни ситуации. Секој вид на неуспех се одразува на соработничкиот однос и на завршните резултати. Не дозволувајте некој да ви наметнува напорни обврски за кои немате доволно итнерес.
Риби 
Постојат соработници кои непрекинато внесуваат дополнителна тензија и на таков начин ја отежнуваат вашата работна или општествена положба. Потребно е да се определите за нова работна визија или за сигурен партнер со слични идеи. Новите информации може да се толкуваат на различни начини, не дозоволувајте да ве залажи првиот впечаток. Овен 
Внимателно ги следите новите информации или важни случувања на работната сцена, со намера успешно да ги оствари

Пронајдете не на следниве мрежи: