Неделен хороскоп 06.01.2014-12.01.2014Овен
Почетокот на неделата означете го со искреност и мислете што правите. Премногу зборување и комплицирање само ќе ви ја отежни работата. Од вторник до четврток ќе имате сјајни денови, во работата, во љубовта , фамилијата… Искористете ги овие денови да се одморите и опуштите.За викендот бидете внимателни кон партнерот. Вашата ладна природа може да предизвика кавга.Во недела посветете си време на себе, средете се и одморете се.
Бик
Можете да решите било каков проблем само ако на него пријдете на необичен начин. Одложете чистење или средување на домот во вторник и среда. Посветете се на некои интересни откритија или едуцирајте се на некоја ваша омилена тема.Петокот и саботата посветете ги на љубовта. Добро би било и да отпатувате некаде. Ако е возможно уживајте на некое патување цел викенд.
Близнаци
Почетокот на неделава не ви носи многу енергија. Тоа значи дека ќе бидете внимателни и повлечени. Во среда и четврток ќе се чувствувате сјајно и ќе бидете во центарот на вниманието. Така и ќе изгледате. Ако во петок и сабота некој нема да биде премногу фин со вас, внимавајте. Некои луѓе немаат добри намери.Ако некој пријател ви побара помош на крајот на неделата подадете му рака. Ако не ви се заблагодари не се грижете, кармата ќе ви врати.
Рак
Понеделник ќе ви биде ден за многу комуникација и возбуда, но тоа ќе ја отвори можноста да ви останат незавршени многу планови поврзани со работата. Внимавајте, останете будни. Прво решете ги обврските потоа опуштете се. Во вторник и среда ќе се најдете во деликатна љубовна ситуација. Во таа ситуација потрудете се да бидете добар психолог. Викендот ќе бидете инспирирани заавантура и романса.
Лав
Во понеделник ќе се обидете да ги сокриете чувствата. Не морате да го правите тоа, слободно бидете искрени. Во средината на неделата останете блиску до луѓето кои ги сакате. За викендот може да дојде до несогласување со некој кој е исто тврдоглав како вас,. Некој ќе мора да попушти, можеби ќе попуштите вие. Несфаќајте го тоа како пораз и излезете од таа битка како победник. Викендот ќе бидете шармантни и неодоливи.
Девица
Понеделник е поволен за склопување на нови контакти. Без оглед дали се работи за љубов или работа бидете отворени и кажете ги своите идеи гласно.Во вторник и среда ќе ве принудуваат да правите работи кои вие мислите дека не ви доликуваат, тогаш држете до себе си. Правете го само тоа што ви одговара, не е се во парите. Во петокот и саботата ќе бидете активни и концентрирани и многу обврски ќе завршите.Недела е ден за одмор, опуштете се со саканите и блиските.
Вага
Мрзливоста не е баш добро да биде присутна во почетокот на неделата. Најдете начин да ја избегнете така што ќе се вклучите во некоја физичка активност. Потоа од вторник до четврток очекувајте нагло да ви порасне моралот, ќе бидете полни со енергија и елан и конечно ќе ги спроведете вашите идеи на дело.Во петок и сабота ќе изгледате екстравагантно. Тоа е убаво но бидете внимателни на буџетот.Ако се занесете може да западнете во непотребни долгови. Во недела погрижете се за изгледот на својот дом.
Скорпија
Ако во понеделник бидете неодлучни, побарајте совет. Нека тоа биде некој колега од работа, ако се работи за професионалната страна на животот. Ако ништо друго барем ќе добиете објективен совет од некој кој ја гледа работата од страна. Во среда внимавајте како се однесувате кон некој кој ви е близок, можно е да го повредите. Од петок па до крајот на неделата ќе бидете самоуверени, креативни и инспиративни. На сите полиња од животот имате среќни моменти.
Стрелец
Неделата која е пред вас ќе започне многу добро. Ве очекува многу позитивна енергија и прекрасни моменти кога е во прашање социјалната димензија на вашиот живот. Ќе имате многу многу состаноци, како службени, така и приватни. Само внимавајте да не се одалечите премногу од службените обврски. Немојте премногу да се опуштате, бидејќи престојат многу работи пред вас. Кога во четврток ќе покренете некој проект не се срамете да побарате помош од некој пријател. А ќе има многу кои ќе сакаат да бидат со вас. Ако за викендот бидете неодлучни за некои правни прашања, не паничете. Оставете ги пострана додека не се кристализираат.
Јарец
Ќе бидете малку повеќе зафатени во почетокот на неделата, но тоа ќе ви одговара повеќе од било што. Направете ред околу вас и организирајте се најдобро што можете. Промените кои ќе ги направите во својот живот, позитивно ќе влијаат на вашиот љубовен живот. Во средината на неделата ќе бидете во дилема дали да се ставите во ризик и да отидете во купување, или не. Размислете добро, бидејќи ако претерате може да дојдете во ситуација да зажалите. Ако се одлучете за купување, бидете внимателни. За викенд, после успесите во текот на неделата ќе се чуствувате непобедливо. Ќе бидете полни со самоувереност. Запомнете дека не сте непобедливи и спуштете се на земја.
Водолија
На самиот почеток на неделата, вашата доверба и подготвеност да чувате тајна ќе бидат на тест од страна на претпоставениот на работа. Одолејте на секој порив тоа што ќе го дознаете да го кажете на некого. Една тешка одлука ќе биде донесена кон крајот на неделата, а во вторник многу ќе размислувате за тоа. Слободно се посоветувајте со некој кој ви е од доверба и дознајте како некојдруг би постапувал да е на ваше место. Исто така, бидете свесни дека не можете да изберете полесен пат. Петок е ден кога комплименти ќе добивате од сите страни. Уживајте во заслуженото внимание и стекнатата самодоверба.
Риби
Рибите оваа недела ќе ја започнат лошо. Но, следните денови ќе бидат подобри. Кон средината на неделата очекувајте интересна средба. Ќе бидете особено продуктивни во четврток. Во петок ќе бидете мрзеливи и ќе сакате да се одморите убаво. За викендот лудо забавувајте се.
Република
Овен
Почетокот на неделата означете го со искреност и мислете што правите. Премногу зборување и комплицирање само ќе