Неделен хороскоп 07.07.-12.07.2014

Што ве очекува оваа недела.Овен
Интеракциите ви даваат сила за позитивни пријателства и корисни договори. Ова е вистинско време да ги продадете вашите производи и услуги и да ја пренесете вашата порака на светот. Но кога се во прашање семејните односи,  би можело да дојде до конфликти помеѓу надворешните обврски и семејните потреби и прашања.  Меркур го продолжува својот пат во четвврток, па така можете да продолжите со работа на проектите кои ги веќе подолго време чекате да ги реализирате. Викендот има блескав изглед, посебно ако заминете на некое дружење, добро ќе се забавувате.
Бик
Може да паднете во искушение да се луксузирате, но со моменталниот фокус на вредното работење секако заслужувате себе да се почастите. Уживајте во тоа. На фрустрациите и одлужувањата на обврските ќе им дојде крајот, и тоа како што Меркур во четврток ќе се врати да ви го олесни патот.  Може да се појави еден проблем во комуникацијата кој ќе се развие во тековна битка, поготово во петок. Нервите би можело да ви бидат ослабени, што може да доведе до расправии. Меѓутоа, ако не знаете за што се работи, обидете се да се справите со проблемот пред да дојде до оваа фаза.
 
Близнаци
Како што Меркур ќе се движи низ вашиот знак, така ве очекуваат добри вести, доведувајќи ги до крај проблемите со кои сте се соочиле во скоро време.  Интеракциите и трансакциите би требало да бидат помалку фрустрирачки и повеќе продуктивни. Би можело да имате потреба за промени или да бидете приморани да мислите за некои промени на финансиски план. Обидете се да не дозволите ситуацијата со парите да ви излезе од контрола при првиот разговор со некоја релевантна личност или организација. Активностите  во слободноте време за текот на викендот, донесуваат инстантна привлечност.

 
Рак
Ќе бидете во ваш елемент оваа недела, иако може да приметите тензија кја се развива помеѓу вас и другите. Направете се за да спречите развивање на криза со еден охрабрувачки разговор со отворено срце. Кога Меркур повторно ќе биде на својот пат во четврток ќе бидат и помали шансите за недоразбирање. Со одложување во комуникацијата малку ќе ви олесни, а некои документи или фајлови кои ви недостасуваат би можело неочекувано да се појават, со што ќе ви се олесни работата да ја завршите. Љубовните врски би можело малку да бидат заострени, вклучувајќи ги и оние кои се на самиот почеток. Обидете се да го избегнете конфликтот.
 
Лав
Социјалните околности ќе продолжат да бидат оптимистични,  со регуалрно ширење на контактите и другите случувања кои ве одржуваат во контакт со другите луѓе. Било да барате љубов или работа, деновите кои ви престојат би можело да ви помогнат во понатамошниот распоред. Сето ова ќе биде полесно во четврток, кога Меркур го продолжува својот пат. Што може да ги доведе до крај измешаните пораки и недоразбирања кои во последниот период ви го отежнуваат прогресот.  Ако се чувствувате слабо и изнемоштено, побарајте некоја програма за управување со стресот. Самите на себе сте најдобар ресурс, па затоа чувајте се!
Девица
Прашањето на кариерата изгледа дека ви оди во добар правец. Меркур, вашата планета, го продолжува својот пат во четврток, па така ќе можете да продолжите со вашите планови и идеи кои се ставени на чекање. Обидете се работата и другите интеракции да ги извршите смирено. Шансите да сретнете некој клучен играч на вашиот работен план, ќе ви овозможи да продолжите со вашите планови. Кога е во прашање вашиот социјален живот, љубомората и другите мрачни  емоции би можело да ви го расипат пријателството. Најдобро би било да се соочите со работите и директно да си напрвите мир за себе.

 
 
Вага
Во оваа недела може да почувствувате подеми и падови во односите со луѓето, поготово со оние кои се непредвидливи во комуникацијата. Но плановите кои се пред вас изгледаат позитивно, посебно во четврток кога Меркур го продолжува својот пат. Ако ве загрижува склопувањето или потпишувањето на договори, сега без грижа може да продолжите со тоа. Сепак може да се појави незадоволство во врска со рамнотежата на работа или во домот. Може ќе треба да бидете силни по прашањето на некоја цел или чекор во кариерата, дури и покрај некои противења. За среќа, од острите чувства ќе може да се ослобидете за време на викендот.
Скорпија
Меркур, кој се враќа на својот пат во четврток, ќе ги доведе до крај сите одложувања поврзани со финансиски и кредитни аплицирања. Било да сте слободни или во долга врска, романтичните врски изгледаат многу позитивно. Венера моментално ви донесува промени на љубовен план на сите можни забавни начини. Обидете се да го избегнете конфликтот во петок, поготово ако не можете со некој да се видете очи во очи. Ако сакате да останете пријатели најдобро би било да се држите настрана од расправија.
Стрелец
Ако ви се случиле некои недоразбирања во скоро време, Меркуровото продолжување по својот пат во четврток би можело да ви понуди добра шанса да ги решите тие проблеми во ваша корист. Исто така, било какви фрустрации поврзани со важни договори или потпишување на договори ќе почнат да ослабуваат. Прогресот конечно може да се случи. Меѓутоа, тоа не значи деа сите тензии ќе исчезнат, на пример финансиите и понатаму ќе бараат внимателно оценување. Обидете се да го избегнете импулсивното купување, поготово доколку нешто скапо е во прашање, би можело да зажалите подоцна. За среќа, викендот донесува одмор од стресот и неочекувана покана во која ќе може да уживате.

 
Јарец
Движењето по сопствениот пат на Марекур, во четврток ќе ви донесе позитивни промени на работа и во секојдневните обврски. Интеркациите ќе се одвиваат лесно, додека пак фрустрациите ќе станат дел од минатото. Некои лесни односи можат да покажат знаци на тензија. Ако знаете за што се работи, обидете се да се ослободите од тензијата пред да премине во расправија и конфликт. Прашањето на животниот стил ќе дојде во фокус, посебно ако сте размислувале околу некои нови геџети. Мало онлајн истражување би можело да ве доведе до супер попусти.
 
Водолија
Шансите и можностите за поминување на слободното време и задоволствата во прв план го ставаат времето со семејството, децата и пријателите. Ова ќе ви биде многу забавна недела, па така препуштете се и уживајте во дружењето и романтичните моменти, кои би можело да ве изненадат. Кога е во прашање работата, вашето чувство за организација и за најдобро извршена работа може да биде од круцијално значење за стресот во вашиот живот. Ако е тоа во прашање, би требало да си дадете малку слободно време за да „издишете“.  Некои социјални случувања во текот на недела би можело да охрабрат ново пријателство или инстант привлечност.
Риби
Оваа недела ќе биде исполнета со работни обврски, ве очекува период посветен на работата. Но не очајувајте набрзо ќе дојде и вашиот период за одмор. Притоа, можно е и мало недоразбирање со колегите. Обидете се да се дистанцирате од конфликти. Вашиот партнер ќе нема разбирање затоа што сте преоптеретени со работа. 
 Овен
Интеракциите ви даваат сила за позитивни пријателства и корисни договори. Ова е вистинско време да ги продадете

Пронајдете не на следниве мрежи: