Неделен хороскоп 07.09-13.09.2015

Неделен хороскоп 07.09-13.09.2015Овен
Задоволни сте поради новите информации кои кружат на работната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален успех. Важно ви е да делувате убедливо пред соработниците кои се сомневаат во вашите професионални и организаторски способности. Не дозволувајте поради ситни иинтереси да направте почетен пропуст и да изгубите нечија доверба. Секој потег добро испланирајте го. Чувствувате нов емотивен полет и сакате да ги остварите своите намери, без оглед на повременото недоразбирање од околината. 
Бик
Во согласност со своите перфекционистички барања делувате загрижено поради нечиј коментари, но првиот впечаток умее да ве залаже. Потребно е вешто да се прилагодите на различните услови на работење и да останете доследни во своите намери. Не дозволувате да ви недостасува оптимизам и силна волја. На средбата со соработниците употребете ги своите најсилни адути. Имате впечаток дека партнерот лесно преминува преку некои важни случувања. 
 
Близнаци
Нови информации и случувања на работната сцена ги потврдуваат вашите амбициозни очекувања. Делувате со многу барања и подготвени сте да преземете водечка улога пред соработниците. Важно ви е во службените преговори точно да ги дефинирате заедничките односи, правила на однесување или поделбата на интересите. Сакате да се изборите за што подобри работно-финансиски интереси и услови.

 
Рак
Наидувате на недоразбирање во својата околина и имате впечаток дека некој од соработниците не го цени доволно вашиот напор и залагање. Понекогаш треба да прифатите потешки околности, како би ја елиминирале можноста за уценување или службени контакти кои не ги задоволуваат вашите основни критериуми. Важно е правилно да ја насочите својата креативна енергија преку работа или творештво, како и да се дистанцирате од личностите кои дополнително ве отперетуваат.
 
Лав
Имате прифатено дополнителни обврски и активна улога во новите случувања на работната сцена. Потребно е правилно да се информирате, пред јасно да ги дефинирате своите работни интереси. Нема причина да ги форсирате своите цели пред соработниците, најдобро е вашите резултати да го илустрираат знаењето или способносите кои ги поседувате.
Девица
Важно е детално да се информирате за новите случувања на работната сцена и да влијаете на нечие мислење. Меѓутоа, тактитката не која инсистирате не донесува секогаш и позитивни разултати. Некој ве доведува пред свршен чин и индиректно ги отфрла вашите идеи. Избегнувајте ситуации за кои немате доволно знаење, професионална умешност или практично искуство.

 
 
Вага
Делувате афирмативно и имате слух за совремни идеи, со кои можете да го унапредите својот работен стил или професионално изразување. Се наоѓате во сјајна прилика да завршите низа на корисни работи, кои ќе ви донесат психолошко олеснување и добра материјална сатисфакција. Здружете ги своите работни интереси со проверен тим кој ветува успешна и долгорочна соработка.
Скорпија
Со сета своја ажурност и одговорност која ја изразувате, не можете во потполност да ги задоволите сите соработници. Некој  ве наговара да продолжите со започнатите работи и да не се осврнувате на пропратни коментари или на различни предупредувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи. Делувате воздржано и не сакате да ги пречекорите своите работни овластувања, поради тоа ја одложувате конечната одлука. 
 
Стрелец
Потребна ви е мудрост и дополнително трпение пред да ги претставите своите работни планови пред соработниците. Не можете да игнорирате нечие влијание или барања, без оглед на различните ставови за заедничките интереси. Сепак, големиот напор на крајот се исплаќа и во тоа ќе се покаже вашата работна умешност или успех. 

 
Јарец
Различните ставови или поинаквата работна ориентација во односот со соработниците делува како отрезнувачки фактор и тоа се одразува на заедничките договори и резултати. Нови недоразбирања влијаат на вашата концентрација и професионална ангажираност. Потребни ви се подобри услови како би ги оствариле своите цели. Не сакате да се покорувате пред нечие барање без разумно и детално објаснување.
Водолија
Работната стратегија која ја спроведувате донесува само делумни резултати, што не ви влева посебна самоувереност пред соработниците. Потрудете се да бидете доволно промислени пред личноста која може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги употреби вашите изјави во своја корист. Понекогаш е тешко да се заклучи, кој и колку добива во служебната соработка. Не ви се допаѓа емотивното оспорување, бидејќи многу работи кои ги правите не се по мерка или вкус на саканиот(ата).
Риби
На средбите со соработниците често провејува заедичка недоверба или притаен судир поради различните работни интереси. Некој индиректно ве спречува да ги остварите своите намери, поради тоа трпите извесна неправда или загуба. Нема потреба да изговарате погрешни зборови пред соработниците кои не ги познавате доволно, бидете мудри и воздржани. Сочекајте на поволна шанса за успешна акција.
РепубликаОвен
Задоволни сте поради новите информации кои кружат на работната сцена, препознавате можна добивка или потенцијален усп

Пронајдете не на следниве мрежи: