Неделен хороскоп 08.09.-14.09.2014. На следниот ЛИНК проверете што ве очекува во месец септември. Овен
Оваа недела ќе имате доста можности кога е во прашање љубовниот живот. Планетарниот распоред и влијание ви овозможува полесно пронаоѓање на решенија на некои необични проблеми. Ви престои забава со можност за една свежа љубовна авантура. Ќе мора и да се работи, но ви престои олеснета комуникација со соработниците. Што се однесува на здравјето посебно ќе посакате да се доведете во топ форма, што е сјајно! Ако сте во можност одете во природа или на кратко релаксирачко патување, а ако не одморете се во сопствениот дом и посветете се на својот дух и тело.
Бик
На почетокот на недела ќе посакате, и ќе ви биде дадено многу полесно отколку претходно, да остварите баланс во животот. Ќе бидете посебно мотивирани да посветите внимание на се што добро влијае на вас, како и на она што ви пречи и ви создава проблеми. Време е да ги преиспитате своите навики и да се решите од се што ви попречува во остварувањето на зацртаните цели. Венера ќе ви ги зголеми можности за љубовни состаноци и ќе ве мами да излезете во провод. Доколку планирате некој проект во домот погрижете се да го реализирате, бидејќи ова е поволен момент за такво нешто.
Близнаци
Ќе ви се зголемат шансите да го усовршите вашиот љубовен живот, посебно кога се во прашање заводливоста и флертот. Исто така можно да бидете вовлечени во некои културни случувања. Ќе бидете посебно зафатени околу домот, решавајќи го прашањето на слободниот простор и неговото искористување. Ќе бидете охрабрени да имате повеќе забава во домот или пак да ги споите работата и задоволството. Оваа недела е идеална некои идеи да ги претворите во пари, доколку ги споделите со вистинските луѓе. За викнед очекувајте луд провод, само внимавајте да не западнете во неволја.
Рак
Оваа недела ќе се чувствувате многу повеќе опуштено и оптимистички кога се во прашање финансиите. Влијанието на Јупитер може да ви донесе некои поместувања, што од друга страна може да ве однесе во потрага на нови можности за дополнителна заработка. Посебниот фокус на семејните проблеми ќе ве охрабри да се впуштите во конверзација која ќе доведе до хармонија. Конструктивни дискусии ќе ве наведат да почнете со некој проект кој го планирате веќе подолго време. Во меѓувреме ќе ви се појави желба да работите на своето тело, било да е во прашање фитнес или пак посета на козметичар.
Лав
Оваа недела ќе се чувствувате непобедливо и позитивно, а ситуацијата во домот посебно ќе го бара вашето внимание. За среќа, некои проблеми ќе се решаваат со леснотија, што ќе ве увери дека работите се движат на добро. Посветете внимание кога треба да го кажете она што го мислите и пронајдете баланс. Кога се во прашање потребите на другите, погрижете се посебно да ги избирате зборовите на начин како они би го разбрале она што сакате да го кажете. Кога финансиите се во прашање, ќе бидете мотивирани да допуштите мал луксуз, но вие тоа го заслужувате. Опуштете се, во тоа нема ништо лошо. За викенд ве очекува хармонија во домот, што ќе допринесе односите помеѓу членовите во семејството значјано да се поправат.
Девица
Оваа недела се продолжува фокусот на спиритуалниот дел од вашиот живот, поради што посебно ќе биде изострена вашата интуиција, која ќе ве охрабри да посветите вимание на своите сониша или нескојдневни случувања. Љубовта ќе се распламнува и со самото тоа и вашата страсна желба. Од друга страна, работите ќе се поправаат. Ќе размислувате и за својот имиџ. Посветете внимание на облекувањето и потрудете се да го подобрите каков би оставиле што подобар впечаток. За викенд посветете се на себе. Многу сте пожртвувани кога е во прашање семејството, но поради тоа немојте да ги занемарите личните потреби.
Вага
Оваа недела ќе имате потреба да го кажете вашето мислење и тоа ќе ви биде успешно, посебно на почетокот на неделата. Вие комуницирате одлично кога треба да соопштувате нешто важно или кога имате план за вашиот разговор. Друштвениот живот оваа недела продолжува да се развива по нагорна линија. Се поврзувате со многу луѓе и уживате во тоа, а благодетите од дружењето ќе ги почуваствувате и на љубовен и на работен план.
Скорпија
Во последно време ви се чинеше дека се среќавате со потешкотии, но овој период картите се на ваша страна и чувствувате како со леснотија ги завршувате обврските. Ќе добиете посебна поддршка од некој што ви е близок, а тоа ќе ви даде посебна сила. Оваа недела можно е да бидете во центарот на вниманието било да се работи за љубов или работа. Бидете мудри и не ги покажувајте сите ваши адути оддеднаш. Поддршката од вашите пријатели ќе ви биде посебно драга, и ако ја побарате сигурно ќе ја добиете.
Стрелец
Оваа недела ќе добиете идеја да одлучите нешто важно или да се впуштите во некоја авантура. Почетокот на неделата ќе ви даде вера во тоа дека и вие може да се заљубите, но за тоа ќе морате да се дружите и да запознавате нови луѓе. На работа ќе имате големи успеси и со добар план може да стигнете до долгоочекуваната цел. Дружењето со вистинските луѓе може да ви помогне да ги постигните вашите цели и планови.
Јарец
Оваа недела ќе бидете посебно расположени да заработите дополнителни пари и да истражите некои сосема нови инвестиции или идеи, кои можат да ви донесат и голема забава. Исто така, фокусот ќе биде на учењето и истражувањето, сугерирајќи ви дека ова е одличен период да ги развиете своите вештини или да научите некои нови. Работата или личните цели ќе имаат корист доколку се дружите со вистинските луѓе. Советот од некој кој ви недостасува може да биде она што навистина ви недостасува, како би се усовршувале и напредувале оваа недела.
Водолија
Љубов, работа, пријателство или било кој друг облик на дружење оваа недела ќе цвета. Ќе треба да размислувате и за нови луѓе, они кои ви помагаат да ја развиете својата фантазија и ентузијазам за нови идеи. Финансиите ќе ви бидат во плус од вашите добри планови. Ова е одличен период за отплата на долговите, а со самото тоа ќе се ослободите и од непотребната нервоза. Одвојте време и за медитација. Ќе видете како ќе ви помогне да го постигнете оној мир кој ви е потребен, без оглед на тоа какви искушенија ви се наоѓаат на патот.
Риби
Позитивните искуства на работа ќе ви ја зголемат самоувереноста и ќе ве охрабрат да ги покажете своите вештини и способности. Со самото тоа ќе се чувствувате многу добро во врска со себе и својата иднина. Ова е идеален период доколку саката да побарате нова работа која ќе ги задоволи вашите способности и ќе ви пружи повеќе предизвици. Фокусот ќе биде и на врските, наведувајќи ве да пронајдете клуч за некои проблеми во сосема ново светло или од сосем друга перспектива. Ќе дојде до баланс кога се во прашање вашите финансиии, а со самото тоа ќе се чувствувате многу подобро и задоволно.
Извор: РепубликаОвен
Оваа недела ќе имате доста можности кога е во прашање љубовниот живот. Планетарниот распоред и влијание ви овоз