Неделен хороскоп 10.02.2014-16.02.2014

Неделен хороскоп 10.02.2014-16.02.2014Овен
Ќе размислувате многу за вашата фамилија, посебно во почетокот на неделата. Нешто особено ве загрижува и ќе морате дури и да ги посетите своите блиски за да се уверите дека се е во ред. Кон средината на неделата ќе се посветите самите на себе и на вашите креативни идеи. Четврток и петок би биле идеални за кратки патувања. Во недела ќе се свртите на дружбата со пријателите и на секојдневните обврски.
Бик
Бидете спремни за драстични промени во вашиот живот. Ќе тргнете со мали промени, како стил на облекување, физура и слично за да кон крајот на неделата повлечете значајни потези. Некои личности полека се оддалечуваат од вас, но не се грижете можеби само следи диференцирање на вистинските пријатели. Кон крајот на работната недела се повеќе ќе размислувате за животот и можно е тоа да ве поттикне на хуманитарна работа. Викендот ви следи една љубовна приказна која ќе ве промени засекогаш.
Близнаци
На самиот почеток на неделата ќе се најдете во ситуација која навистина ќе ве зачуди и нема да знаете како да постапите. Консултирајте се со некој близок во врска со таа ситуација. Не би било лошо да организирате некој ручек или вечера за вашите блиски и да се опуштите иако сте на средината на неделата.Во петок ќе имате силен импулс на емоции кои ќе потраат и викендот па можно е со таквата енергија да привлечете некој кој се наоѓа во слична ситуација како вас.

 
Рак
Понеделник и вторник ќе ве прати една позитивна енергија, па со што и да се зафатите ќе успеете, ова расположение ќе ви донесе успех кон крајот на неделата. Сепак не летајте многу и не брзајте. Четврток и петок ќе поседувате прекрасна смиреност со која ќе ги почестите луѓето околу. Гледајте тоа да бидат вашите блиски луѓе или фамилијата, не трошете ја оваа прекрасна енергија на споредни личности. Ве очекува фуриозен викенд.
Лав
Почетокот на неделата ќе ви донесе некоја поделеност за некое важно прашање. Нема баш да бидете сигурни што да правите и како да постапите. Не слушајте ја околината и овој пат верувајте и на својата интуиција. Не се плашете дека ќе донесете погрешна одлука. До среда се ќе помине и пак ќе бидете спокојни.Вочетврток и петок ќе бидете задоволни со се што имате и ќе ја цените вашата среќа. Викендот добро би ви дошол некој шопинг.
Девица
Малку несреќно ќе тргне неделата, но потпрете се на вашите пријатели, на никого не му е лесно, ќе ве разберат и пружат поддршка сите пријатели. Вторник е одличен ден за комуникација. Кон крајот на работната недела ќе се потпрете само на самите себе и ќе размислувате сериозно за да решите некој проблем. Можни сеи кавги со некој комшија, тоа е добро зашто конечно ќе го решите долгогодишното несогласување со истиот. Викендот ве очекува романса и среќа во љубовта.

 
Вага
Дури и најмалите ситници на почетокот на неделата ќе влијаат на вас. Секој мирис, боја и предмет ќе ве враќа во минатото и ќе ви разбуди најдлабоки емоции. Во среда и четврток навечер, вечери, забави, шармантни и пријатни луѓе ќе ви направат многу задоволство, а во петок конечно ќе реализирате некоја идеја која ја планирате веќе подолго време. Се во се, возбудлива недела е пред вас. И за викенд авантурата се продолжува.Неделата, од друга страна, ќе ви биде мирна и спокојна. Тоа е и најдобро за вас
Скорпија
Во понеделник и вторник најдобро е да бидете љубезни со луѓето. На сите упатете им насмевка и убави зборови. Бидете подготвени да подадете рака и насмевка, бидејќи е многу веројатно изненадно да налетате на некој кој ќе има клучна улога во вашата кариера. Од среда до петок, нема да можете да видете никого освен работата, која ќе ви биде преку глава. Во петок ќе имате посебно бурен ден. Ќе се помешаат забава, авокат, шеф, кафесување, вашето его… општа забуна! Но тоа е она што ве возбудува. Викндот ќе ви биде обоен со убави соништа и надеж. Уживајте во друштвото на драгите пријатели.
Стрелец
Силната продуховеност ќе ве одведе во некои мисли и никако нема да можете да се приземјите и да бидете реални. Обидете се поради тоа да не ги запоставите целите и обврските кои мора да ги исполните. Работата нема да ги трпи вашите длабоки и на сите нејасни мисли. Обидете се да се приземјите, посебно во среда кога ве очекува важна средба која има врска со вашата кариера. Викенд е поволен за патување и заминување во природа. Обидете се да го избегнете ноќниот провод и заминете заедно со саканиот(та) или пријателите на планина или бања. Ако не сте во можност, спа или базет не е лоша идеја.

 
Јарец
Во понеделник и вторник пронајдете време за саканата личност. Ви престојат возбудливи моменти. Што и да одлучите да работите, во потполно зависи од вас! Секако, немојте премногу да мислите на сопствените желби и не се двоумет да го прашате партнерот што има на ум. Во среда и четврток, ќе мора да се фокусирате на некои други луѓе – најверојатно службени соработници. Петок е погоден ден да покажете колку ја цените нечија креативност – не се воздржувајте од комплименти. Сабота и недела се одлични денови за личен развој. Ќе бидете преплавени со конструктивни идеи, а некои од нив забележете ги.
Водолија
Иако на самиот почеток на неделата ќе почувствувате потреба да разрешите некој проблем од минатото, најдобро би било тоа да го оставите за некој од наредните денови. Планетарните аспекти ви советуваат по секоја цена да ги избегнувате конфликтите. Работите многу лесно би можеле да излезат од контрола. Среда и четврток ви одговараат за некои работни обврски. Нема да бидете воодушевени кога ќе сфатите дека во некои ситуации мора да попуштите, но знајте дека тоа го правите за општо добро. Бидете истрајни и во петок, кога ќе наидете на приговарање од партнерот дека премалку време поминувате заедно. Обидете се да објасните дека моментално работите не зависат од вас.
Риби
Оваа недела нема да биде многу поволна за припадниците на овој знак. Ќе имате големи тешкотии на работното место. Нема да успеете се да завршите на време тоа ќе ве прави нервозни. За среќа односите со партнерот ќе бидат одлични. 
 Овен
Ќе размислувате многу за вашата фамилија, посебно во почетокот на неделата. Нешто особено ве загрижува и ќе мора

Пронајдете не на следниве мрежи: