Неделен хороскоп 11.11.2013-17.11.2013

Овен
Оваа недела повторно ќе ви се вратат јасните мисли и желби. Имате јасна интуиција и одличи планови за во иднина. Пред вас се отвараат нови можности, а до вас постепено стигаат конкретни информации. Неочекуваните средби ќе ви ја вратат позитивната енергија.
Бик
Ќе бидете популарни оваа недела. Добри вести ќе дојдат до вас и одлично ќе се согласувате со сите. Но, не дозволувајте да започнете да претерувате… бидете на цврсто на земја. Женска личност ќе ви биде голема поддршка во што и да правите.
Близнаци
До сега имаше застој на работното место, но, уште од понеделник работите ќе почнат да се одвиваат токму онака како што вие сакате. Се ќе започнете да гледате реално, а неодлучноста ќе започне да ве напушта. Многу појасно размислувате.

 
Рак
Долго очекувавте да дојдете во контакт со одредена личност, па оваа недела ќе успеете во тоа. Искористете ја можност и дојдете до саканите информации. Има услови за одлични деловни договори. Бидете брзи и тактични.
Лав
Имате чувство дека работите добро се одвиваат, започнувате да ја остварувате својата цел секако тоа одлично ќе влијае на вашата иднина. Целите кон повисока општествена положба. Внимателно со своите реакции-една бурна реакција може се да фрли во вода.
Девица
Конечно успеавте да се договорите сами со себе но и со соработниците. Ќе имате разговор со вашиот шеф кој ќе ви понуди нешто- вие ќе бидете несигурни и нема да знаете дали може да го извршите тоа. Верувајте во себе! На финансиски план одлично сте организирани.
Вага
Некој нешто крие од вас, или не ви дава целосни информации или ви работи нешто зад грб… го чувствувате тоа. Но, нема потреба за грижа работите во никој случај нема да излезат лошо за вас. Само немојте да влегувате во никакви конфликти.

 
Шкорпија
Тешкотите и оптеретувањата кои ги имавте во претходниот период ве научија едно…треба да се борите за себе. Сега точно знаете каде и како да постапите. Ако досега мирувавте и чекавте погоден момент- знајте дека токму сега е моментот!
Стрелец
Трпинието се исплатеше конечно ќе го добиете тоа што го сакате. Оваа недела ќе имате можност да ги вратите работите на старо… Активни сте и подготвени на активности кои ќе ви донесат многу пари.
Јарец
Недоразбирањата се зад вас. Околностите сами ја откриле вистината. Вашиот добар став кон соработниците конечно започнува да ви се враќа со дела. Се што во одреден момент ве запирало и успорувало сега го нема-исчезнува…
Водолија
Во најава се промени. Некои добри ситуации се враќаат. Можете само сами себе да се блокирате со вашиот непотребен „страв“. Сметајте дека оваа недела многу работи кои сте ги посакувале ќе се исполнат.
Риби
Ако сте имале проблеми на работното место само бидете трпеливи. Имате голема поддршка од личност која ви е вистински пријател и никогаш не ве остава на „цедило“. Загрижени сте за вашата финансиска иднина. Овен
Оваа недела повторно ќе ви се вратат јасните мисли и желби. Имате јасна интуиција и одличи планови за во иднина. ПредВашиот неделен хороскоп!

Пронајдете не на следниве мрежи: