Неделен хороскоп 12.05-18.05.2014

Неделен хороскоп 12.05-18.05.2014…Овен
Изгледате многу амбициозно. Вложувате голема енергија и не дозволувате никој да ви ја критикува работата. Не се натпреварувајте со соработниците. Неопходна ви е семејната хармонија и нечие присуство. Сакате да импресионирате една личност на необичен начин.
Бик
Размислувате за иднината и за новите деловни планови. За жал не може да се пофалите со добра комуникација. Некогаш мора да преземете одговорност. Често го анализирате љубовниот живот и имате чувство дека се одалечувате од саканата личност.
Близнаци
Има амбиција во вас, сакате да ги остварите сите ваши цели. Соработниците имаат доверба во вас. Снаодливи сте за финансии. Можна е материјална добивка. Доколку сте слободни ве очекува интересен повик. Со својата појава привлекувате внимание.

 
Рак
Сјајната концентрација ви помага да ги остварите своите деловни цели. Важно е да се поттикне креативноста и идеите, ве очекува голема добивка. Во зависност од личната мотивацијата ќе одберете варијанта која ќе ви донесе најдобри резултати. Во љубовта ви треба поттик.
Лав
Имате своја визија и не сакате да прифаќате сечии понуди. Прифативте многу обврски кои почнуваат да ве замараат. Во љубовниот живот покажете малку повеќе искреност. Партнерот има чувство дека го запоставувате.
Девица
Важно ви е да оставите нови или корисни цели на различни страни. Важно е да обновите некои деловни контакти. Бидете внимателни со вложувањата на пари. Ви годи нечие внимание и комплименти. Доживувате нова емотивна блискост со саканата личност.

 
Вага
Изгледате претенциозно и имате впечаток дека се наоѓате пред остварување на деловните цели. Прифатете нечија помош при остварување на некоја задача. Во приватниот живот многу лошо го толкувате однесувањето на партнерот.
Скорпија
Важно ви е да остварите нови деловни контакти. Од вашето залагање зависат и крајните резултати. Се се сведува на добра деловна проценка. Изгледате задоволно, покрај вас се наоѓа личност која се грижи за вас. Емотивната инспирација е неисцрпна.
Стрелец
Се обидувате да заобиколите некои правила и процедури во деловните односи, но проблемот со кој се соочувате бара дополнителен напор. Дозволете им на соработниците да одлучат за заедничите интереси. Потребно ви е да воспоставите хармоничен однос со саканата личност.

 
Јарец
Направивте добра деловна проценка, потребно е да ја докажете својата професионална уметност во остварувањето на практичните цели од заеднички интерес. Некој се обидува да ви го сврти вниманието во погрешен правец. Изгледате таинствено.
Водолија
Важно ви е да придобиете нечија доверба или наклонетост во деловните кругови. Информациите кои ги имате претставуваат гаранција за успех. Интуитивно сте одлични и знаете кога и како да дејствувате. Имате впечаток дека некој се обидува да ве контролира. Ќе имате одлична емотивна прилика.
Риби
Се наоѓате во одлична психо-физичка форма, вашите соработници очекуваат да дејствувате успешно и над просечното. Одличната деловна стратегија и прецизните чекори представуваат гаранција за успех. Сепак, постои ситуации кои не зависат од вас. Доколку сте романтично расположени тоа е добар знак.Овен
Изгледате многу амбициозно. Вложувате голема енергија и не дозволувате никој да ви ја критикува работата. Не се натпр

Пронајдете не на следниве мрежи: