Неделен хороскоп 14.07.-20.07.2014

Неделен хороскоп 14.07.-20.07.2014Овен
Креативните можности, романтичните додворувања, разните забави и уживањето ќе бидат посебно истакнати  оваа недела, особено кон средината. Вашата самодоверба двоструко ќе ви се исплати како и подготвеноста да истражувате… Но и доста забава и разни други опции со пријателите се пред вас.
Бик
Вообичаениот живот но и љубовната врска ќе се подобри оваа недела. Што се однесува на домот и семејството во текот на следните 12 месеци ќе имате можност да поработите на тоа поле. Можеби сакате да купите нов имот… Во текот на оваа недела се ќе си дојде на место.
Близнаци
Понеделник поминува во знакот на размена на идеи, искуства и чувства. Ќе бидете во прилика да дознаете некои работи за ваша блиска личност кои ќе ве изненадат. Не осудувајте никого, особено ако се работи за долгогодишен пријател. Среда ќе мине во знакот на комуникацијата.  Во четврток замижете ако се најдете во ситуација која ќе биде непријатна. За викенд посветете му внимание на вашето здравје.

 
Рак
Едноставноста е клуч за успех.  Во вторник и среда вашето темпо ќе се забрза и ќе имате многу обврски. Обидете се добро да  се  организирате и максимално да го одработите сето тоа. За викенд следи опуштање. Ќе го добиете во својот дом. Не би било лошо во недела да отидете на забавата на која сте поканети.
Лав
Вашата позитивна енергија ќе ве однесе далеку на почетокот на оваа недела. Но во среда внимавајте. Може да направите нешто неоправдано. Внимавајте подоцна да не се каете за тоа. Конечно ќе ја сретнете личноста која ќе ви го освои срцето. За викенд најдете начин да се изразите најубаво што можете.
Девица
Започнете ја оваа недела со тоа што ќе и покажете  на вашата околина дека ситуацијата е во ваши раце, без разлика на тоа дали се работи за работа или за емотивно поле. Средината на неделата ќе бидете исклучително креативни, па вашата друштвена страна ќе излезе на површина. Не претерувајте со експонирање и научете да се контролирате за да не предизвикате некој близок да почне да се оддалечува од вас.  

 
Вага
Денес ќе добиете некој предлог, но не избрзувајте со донесување на одлука и почекајте до вторник или среда кога комуникацијата со другите ќе ви биде на завидно ниво. Кон крајот на неделава очекувајте нова романса. И во оваа ситуација делувајте поразумно, бидете мудри и позитивни и ќе имате успех на љубовно поле. За време на викендот посветете му се на вашето здравје, избегнувајте алкохол и тешка храна, и вежбајте.
Скорпија
Вие сте секогаш одлични во она што го правите, но на почетокот од оваа недела пробајте да видите дека и другите луѓе умеат да направат нешто толку добро колку и вие. Доколку успеете да го постигнете тој баланс, до среда ќе бидете на правиот пат за успех. Побарајте помош и совети од оние во кои верувате. Кога станува збор пак за љубовта, таа е некаде околу вас, само треба да ја препознаете. За време на викендот бидете креативни и најдете нов начин за да му кажете на вашиот партнер колку ви значи.
Стрелец
Да сте малку поразличен значи многу. Уште од почетокот на оваа недела најдете начин да се издвоите од масата и заблескајтесо некој од талентите кои ги поседувате. Слушајте го срцето.Во средината на неделата ќе бидете премногу преокупирани на емотивно поле и нема да можете да се сконцентрирате на работата. Внимавајте да не пропуштите нешто и оставете ги љубовните проблеми дома. Овој викенд за решавање на старите промени ќе ви помогне ненадејна средба со некој од минатото. Бидете отворени за соработка.   

 
Јарец
Убавото однесување ќе биде ценето во понеделник. Можно е околку одредени личности да се потрудите повеќе од потребното.  Не се откажувајте, ќе се чувствувате многу добро после тоа. Во вторник и среда ќе се занимавате со работата. Ќе бидете многу продуктивни и поделете ги идеите со вашите соработници.  На крајот на неделата фокусирајте се на проектот кој го започнавте.
Водолија
Поработете на самостојноста во сите облици- емотивна, финансиска…Само на тој начин можете да  владеете со својот живот. Во вторник и среда потребно е да се посветите на приватниот живот.  Обидете се да не го мешате приватниот и деловниот живот. Една лекција од минатото може да ви биде од полза. Можно е да добиете награда или да добиете убава вест. За викенд избегнувајте стрес.
Риби
Ако сакате резултати вложете напор. На чекор сте од целта. Исто така заборавете на стравот. Работите ќе станат поинтересни од среда, животот од тогаш ќе ви биде поинтересен. Ако сакате да поминете од зборови на дела четврток е одлучен ден за тоа. На крајот на работната недела ќе се ценат вашите оргинални идеи.Овен
Креативните можности, романтичните додворувања, разните забави и уживањето ќе бидат посебно истакнати  оваа неде

Пронајдете не на следниве мрежи: