Неделен хороскоп 14.09-20.09.2015

Прочитајте што ве очекува оваа недела.Овен
Со повеќе доверба ќе пристапите кон својата работа, без особено да се грижите за мислењето на околината. Имате што да покажете како знаење, вештина и искуство и тоа ви дава самодоверба да настапите на начин за кој мислите дека е правилен. Сето ова ќе води до видливи резултати. Прагматично ќе ги искористите предностите од поддршката на околината. Нема да изостануваат и изненадувања кои бараат да сте подготвени, но бидете мирни. Ништо од она што се случува нема да биде неостварливо за вас. Давајте го најдоброто од себе и придобивките ќе следат.
Бик
Околностите ќе ве принудат да ги преиспитате своите приоритети. Промените се во тек и наметнуваат друго размислување. Искористете ја енергија за сето она што требаше да биде направено сега и не одложувајте ништо за подоцна. Можни се проблеми во наредниот период, што бара да бидете и пофокусирани. Ќе успеете да ја зачувате блискоста со некое лице од непосредна близина, под услов да го излажете. Осврнете се на занимавање со хоби кое може да ви донесе приходи и ќе најдете можности за напредување. Сѐ на сѐ, работите ќе продолжат да се развиваат во избраната насока.
Близнаци
Уметничкиот пристап при донесувањето одлуки ќе ве направи популарни и ќе ви донесе успех. Енергијата ви е неисцрпна и сега е моментот да се реализираат повеќе планови. Ви претстојат интересни средби и разговори кои можат да ја сменат насоката на вашите планови. Не дозволувајте испади во интимната сфера. Постои ризик од откривање и скандали. Конзумирајте сè што ви се нуди, но мислете на последиците. Радоста ќе биде голема кога ќе примите добра вест.

Рак
Мобилизирајте се и отфрлете ги работите кои ви пречат да се чувствувате слободно. Со нагласена активност ќе стигнете до успешни имплементации во сферата во која вложувате напори. Почесто слушајте ја интуицијата. Прашањата од семеен и битен карактер бараат заедничко решавање со најблиските. Ќе постигнете успех ако работите на сопственото усовршување. Желбата за забава ќе се коси со мислењата и ставовите на луѓето од ваша близина.
Лав
Новини влегуваат во вашиот живот. Анализирајте ги и имајте на ум дека секое губење на енергија ќе ве враќа назад. Претстојна разврска ќе поднесе јасност во вашите планови, овозможувајќи ви да планирате патувања и долгорочни програми. Деловната активност и физичката кондиција ќе бидат во добра форма и ќе влијаат позитивно на финансиската состојба. Во соработката со луѓе на професионален план ќе креирате корисни работи не само за вас самите, туку и за општеството. Ништо од она што ви се нуди не е излишно. Земете го и претворете го во победа.
Девица
Ќе се организирате и ќе го дадете најдоброто од себе во обид да постигнете сѐ што предвидувате за овие денови. Поради работата, напнатоста и стресот можно е да не обрнувате доволно внимание на односите со околината. Размислете за тоа и си комуницирајте со мирен тон. Очекувањата ќе ви се остварат, барем што се однесува на бизнисот и финансиите. Едно пријателство е на пат да се претвори во подлабока врска, која ќе ви носи убави емоции и стабилна потпора. Следете го повикот на срцето и нема да згрешите. Грижете се за вашето здравје, за да сте во добра кондиција во овие важни денови.

Вага
Никој не може да се организира подобро од вас. Но, сепак ќе бидете испровоцирани и често ќе се дисперзирате во несуштинските активности, без да работите за остварување на плановите и целите. Нема да ви недостасува енергија и ќе наидете на поддршка, но треба да си помогнете и сами. Почесто ја менувајте работата со прошетки на отворено, тоа ќе ве тонизира и ќе ви помогне да се ослободите од мислите кои ве загрижуваат и создаваат тензии. Многу нешта околу вас ќе се променат доколку се занимавате со активности со духовна наслада. Сето она што ви привлекува може да го поседувате, ако не се жалите и ако се развиете интелектуално и креативно. Здравјето ви е добро. Љубовта може да биде дарежлива кон вас, под услов да не ја игнорирате.
Скорпија
Збир на случувања, на различен начин ќе влијаат врз расположението и активноста во наредните денови. Не предизвикувајте ја со ништо судбината, покажете отпорност на карактерот и повеќе смиреност во односите. Станете проводници на здравиот разум таму каде што тоа е потребно. Имајте на ум дека се можни пресврти кои можат да ви вратат назад, затоа не избрзувајте со своите одлуки. Во интимните односи почесто слушајте го партнерот. Независноста не е загрозена, туку вашата врска. Почитувајте го неговото достоинство и не го предизвикувајте, за да не изгубите неговиот интерес кон себе. Секоја крајност во однесувањето се одразува негативно на животот.
Стрелец
Да бидете меѓу првите за вас е од витално значење, но животот ќе ви донесе изненадувања. Во никој случај тие нема да ви ги уништат амбициите, но ќе ве натераат случувањата да ги погледнете од друг агол. Ослободете се од нездрави емоции и продолжете мудро да ги следите своите намери. Нема да ви недостасува поддршка за сè што ви треба, под услов да ја покажете својата јасна позиција. Потребата од пари ќе ги зајакне вашите активности, а некои од овој знак ќе почнат дополнителна работа за поддршка на буџетот. Грижата на блиските ќе ви помогне да се опоравите побрзо од некој здравствен проблем, а вниманието на саканата личност ќе ви ја топли душата.

Јарец
Периодот е поволен за самообразование, бизнис и засилени односи со странство. Времето е соодветно за патувања, туризам и одмор. Трајно ангажираните со работа ќе бележат напредок во кариерата, што ќе се рефлектира и на нивната финансиска состојба. Ќе бидете привлечени од личност, која е физички надарена. Незадоволените емотивно ќе побараат нови чамци за своите чувства и страст. Смирете го нервниот систем. Бидете дискретни и не инсистирајте на работи кои не ви се даваат доброволно. Врските не се секогаш такви какви што би сакале да бидат. Помислете каде грешите.
Водолија
Амбициозни сте да ги постигнете своите намери по секоја цена, без да си давате сметка за недоумицата и огорченоста кои ги оставате зад себе. Делата ќе се развиваат со променлив успех. Кај некои од вас здравствените проблеми ќе се продлабочат и можат да станат причина за застој. Преземете мерки и не се предавајте. Емоционалните импулси ќе ве натераат да ја побарате близината на пријатни луѓе. Бидете благи во односите кон луѓето и ќе можете да уживате во вашите чувства и желби. Кај некои од вас може да дојде до крај на една врска и почеток на нова.
Риби
Започнатиот период ќе го исполни вашиот живот со изненадувања. Многу од вас ќе најдат работа која секогаш ја сакале за себе. Нема да ви недостасуваат услови за развој на бизнисот, во можностите ќе има реализација на комерцијални трансакции и заемно корисни аранжмани. Мотивирани сте да внесувате и повеќе одговорности. Претстојни патувања, за некои во странство, ќе ви помогнат подобро да го најдете своето место. Нема да се жалите на новата атмосфера која че ви ги освежи мислите, финансиите и самодовербата. Не ја игнорирајте интуицијата и слушајте го разумот.Овен
Со повеќе доверба ќе пристапите кон својата работа, без особено да се грижите за мислењето на околината. Имате што да

Пронајдете не на следниве мрежи: