Неделен хороскоп 14.12.-20.12.2015

Неделен хороскоп 14.12.-20.12.2015Овен
Очекувате позитивни реакции и одговори на средбата со соработниците за кои ве врзуваат заеднички работни-финансиски интереси. Важно ви е да остварите перспективен договор во службениот дијалог и да ги сочувате контактите на сите страни. Јасно ви е дека постојат одредени фактори кои влијаат на завршните резултати и дека вашите визии не можат да се остварат без нечија поддршка.
Бик
Се наоѓате во фаза на креативен подем и поттикнати сте на нови работни решенија. На средбата со соработниците имате јасни визии и умеете добро да го процените редоследот на потезите. Потрудете се да ја добиете неопходната поддршка, постои личност која може да ги награди вашите интелектуални способности. Важно е да го проширите своето работно и општествено влијание во различни правци.
Близнаци
Делувате снаодлливо и многу сугестивно на својата околина, сепак тоа не претставува доволен услов или гаранција за работен успех. Потребно е да се договорите за заедничко решение и подобро да ги заштитите своите работни интереси. Постојат спорни моменти во односот со соработниците, така што некои ветувања  се подлежни на неочекувани промени.
Рак
Чувствувате мала стагнација во творечкото изразување и потреба психички да се ослободите од натрупаните обврски. Важно е да ангажирате сигурни соработници, како би ги оствариле заедничките итнереси во предвидениот рок. Препуштете на другите да се докажуваат во нови или експериментални ситуации. Преиспитајте ги своите ставови од различни аспекти на успешноста и работењето. 

 
Лав
Малку субјективно ги толкувате новите случувања на работната сцена и невнимателно намалувате нечиј способности. Потребно е да се усогласите со своите соработници околу уважувањето на различните работни интереси, пред да изгубите драгоцено време и енергија. Без добар план и проценка, нема ниту значајно работно поместување или успех. Избегнувајте неочекувани парични инвестиции. 
Девица
Важно ви е да ги остварите своите работни интереси на различни страни, меѓутоа постојат дополнителни компликации или соработници кои ги успоруваат вашите планови. Анализирајте ги работните интереси од различни аспекти, потребно е да формирате листа на приоритети и нови критериуми при изборот на соодветни теми. Важно е правилно да ги усогласите своите професионални желби и можности. 
Вага
Важно ви е да ги проширите своите сознајни погледи и понатаму професионално да се усовршувате во различни правци, но забележувате дека околу вас се наоѓаат соработниците со различни профили и манири. Важно е да применувате проверени обрасци на успешно работење и да го сочувате добриот однос со соработниците. За среќа, вашите работни манири и дипломатската нота делуваат поттикнувачки на околината.
Скорпија
Чувствувате мал замор или недостаток на волја да се соочите со некои работни-финансиски проблеми. Важно ви е се да биде идеално усогласено, но имате впечаток дека ви недостасуваат основните информации за новите случувања на работната сцена. За среќа ве очекуваат позитивни промени, неочекувана добивка или добар услов за проширена соработка. 

 
Стрелец
Благодарение на добрата проценка и ефикасната работна стратегија кој ја применувате ве очекуваат позитивни резултати. Заинтересирани сте за вредносни аспекти и работи кои донесуваат можност за лично напредување во различни правци. На средбата со соработниците јасно ги претставувате своите намери и не се воздржувате да ги менувате постоечките стандарди или правила. 
Јарец
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, така што делувате многу самоуверено и со барања на средбата со соработниците. На многу ефикасен начин умеете да спроведете правила на успешно работење, кои остваат позитивен впечаток на околината. Вешто применувате различни работни стратегии во зависност од актуелните теми и цели кои сакате да ги остварите. 
Водолија
Делувате одлучно и упорно ги браните своите ставови, но постојат нови случувања кои дополнително ја отежнуваат вашата работна или општествена положба. Потребно е да ги исполнeте основните критериуми кои ги поставуваат вашите соработници, наместо да провоцирате нова расправија или да се судирате поради различните интереси. Потрудете се да ја потиснете својата професионална суета. Чувствувате голем емотивен занес и инпирација, но ви недостасува добра шанса да ги изразите своите намери.
Риби 
Ангажирани сте на различни страни и делувате претенциозно на средбата со соработниците. Потребно е правилно да ја насочите својата творечка енергија или да ја засилете концентрацијата. Нечија асистенција при решавањето на работните дилеми ќе се покаже од голема корист. Размислете за некој вид на креативен одмор, важно е да ги профилирате своите мисли и да акумулирате позитивна енергија. Овен
Очекувате позитивни реакции и одговори на средбата со соработниците за кои ве врзуваат заеднички работни-финансиски интереси. Ва

Пронајдете не на следниве мрежи: