Неделен хороскоп 17.02.2014-23.02.2014

Неделен хороскоп 17.02.2014-23.02.2014Овен
Во почетокот на неделата нема да бидете Вие. Вие воглавно сте опуштени и добро расположени, но во понеделник ќе ве обземат некои тешки емоции со кои никако нема да можете да се изборите. Во вторник и среда ќе имате сериозен разговор по прашање на семејните односи. На крај, се ќе заврши како што вие сакате и какошто ви одговара. Во четврток, ако сакате нешто да сокриете, водете сметка како тоа ќе го изведете. Во петок и во текот на викендот, вашиот мозок ќе работи забрзано и ќе имате полно енергија. Ова ви донесува забава и добар провод.
Бик
Понеделник ви донесува забава и флерт. Ќе бидете опкружени со интересни луѓе и просто ќе блескате. Комплименти, внимание, покани на состанок… очекувајте многу возбудувања. Во вторник ќе ви биде доста од рутината, па ќе ви се јави желба да направие нешто несекојдневно. Водете сметка да не претерате. Размазете сесебеси, но немој да станете мрзливи. Почнувајќи од четврток, па се до крајот на неделата, вашата страст ќе биде на високо ниво. Ова ќе ви донесе низа на возбудувања. Љубовта тропа на вашата врата. Во недела водете сметка за тоа што јадете. Здравјето нека ви биде на прво место.
Близнаци
Во понеделник држете се до распоредот. Во последно време имате запоставено многу работи и сега имате куп од обврски и незавршени задачи. Ако добро се организирате, нема околу што да се грижите. Во вторник и среда, кога љубовта е во прашање, немојте да одите во детали. Опуштете се како не би го уплашиле партнерот. Убаво е водете сметка и да бидете посветени, но вашетооднесување лесно би можело да се протолкува како наметнувачко. За викенд ве очекува изненадна финансиска добивка на која потполно сте заборавиле. Почастете се себеси!

 
Рак
Во понеделник немојте да се двоумите околу една ситуација, дури и ако немате доволно информации или пак одговори. Послушајте еден член на семејството и отстранете ги сите сомнежи. Можноста која ви се укажува навистина е единствена и би можело да зажалите ако ја пропуштите. Среда и четврток се денови кога требада се посветите на вашиот партнерски однос. Поработете на евентуалните проблеми и надминете ги постоечките недоразбирања кои најверојатно се резултат на лошата комуниакција, а не на нешто сериозно. Во петок, држете се засебе, иако тоа ќе се коси со нечие мислење. Не дозволувајте да ве обвинуваат за работи за кои не сте виновни.
Лав
Посветете внимание кога се во прашање паричните позајмувања, бидејќи лесно може да се случи да бидете оштетени во понеделник или вторник. Некои личности лесно ќе ги „прочитате“, иако ќе се потрудат да се прикажат во најдобро светло. Среда и четврток се идеални за нови почетоци. Ако сте расположени нешто да научите, не би било лошо едукацијата да ја започнате баш во тие денови. Поврзете се со некој кој го имате запознаено од неодамна, но кој има афинитете кон слични работи како вие. Во четврток и петок, ќе бидете малку изгубени во морето на информации со кое ќе бидете опкружени, но не дозволувајте да ве збунуваат. Послушајте еден внатрешен глас како би знаеле што е најдобро за вас.
Девица
Во понеделник ќе се обидете да го украдете вниманието на околината. Немој да мислите дека тие тоа нема да го приметат. Нема потреба од себе да правите кловн. Вие имате квалитети по кои сте препознатливи и луѓето од вашата околина тоа го знаат. На овој начин само може да паднете ниско во нивните очи. Во вторники среда обидете се да ги слушате луѓето. Немојте да бидете своеглави, посебно кога љубовта е во прашање. Во четврток и петок ќе биде силно емотивни. Водете сметка да не претерате со реакциите и да направите голем проблем поради кој подоцна ќе мора долго да се извинувате.

 
Вага
Во почетокот на неделата ќе бидете повлечени и затворени во себе. Искористете го таквото расположение во понеделник и посветете се на средување на својот внатрешен свет. Добро се наспијте, размислувајте за своите планови, цели и обврски. Од среда ќе бидете посебно харизматични и шармантни и ќе можете дапостигнете многу од тоа. Од четврток до крајот на неделата ќе бидете загрижени дека некој близок не е искрен со вас. Немојте премногу да се оптеретувате со тоа. Се што треба да дознаете, ќе дојде до вас кога ќе биде време за тоа.
Скорпија
Во понеделник сигурно ќе немате причина да се жалите на било што. Неделата ќе започне така што ќе бидете супер организирани и ќе ги исполнувате без проблеми сите задачи и цели кои ги имате. Во вторник и среда само ја пратите енергијата и следот на случувања. Немојте да се трудите по секоја цена нешто да постигнете. Работите се движат во правецот во кој што треба. Почнувајќи од четврток и во текот на викендот, очекувајте дека ќе бидете исклучително интелектуално моќни и длабоки. Немојте тоа да ве направи негативни, туку напротив. Радувајте се што стенадмоќни над околината.
Стрелец
Понеделникот ви донесува некои интересни можности за службени разговори. Може да научите многу работи кои подоцна ќе ви бидат од корист и тоа од личност која од не многу одамна ја познавате. Потрудете се да бидете и внимателен слушател, а не личност која го има главниот збор. Вторник и среда се денови кога ќе бидете вопрв план и кога за вас најмногу ќе се зборува – секако, благодарејќи на вашиот шарм и позитивно влијание на другите. Уживајте во вниманието кое го добивате, а исто така бидете отворени и за романтика. Од четврток па се до крајот на викендот, ќе размислувате за материјалните работи. Идеално би било да гореорганизирате домашниот буџет.

 
Јарец
Понеделникот ќе ви помине во знакот на деталите. Потрудете се успешно да ги испланирате сите обврски и да реализирате поголем дел од плановите, бидејќи остатокот од денот ветува добра забава. Среда и четврток се одлични денови за социјализација – посветете се на пријателите, поготово на оние кои во последно време ги имате запоставено. Со оглед на тоа што веќе извесен период се насочувате на активности кои исклучуваат присуство на луѓе, во петок не би било лошо да издвоите време за размислување за извесен проблем кој ве оптеретува подолго време. Решението е поблиску отколку што ви се чини. Викендот искористете го за кратко патување кое непланирано ќе ви искрсне – ваше е само да се согласите.
Водолија
Понеделникот ќе помине во зголемена тензија и непријатно чуство кое е последица на неразбирањето или дури пак на судирот со вашите претпоставени. Ви сте некој кој се има затечено на погрешно место во погрешно време, и за жал, малку што може да промените, иако сте свесни дека сте во право. Потрудете се ова премногу да не ве допре, бидејќи во вторник и среда ве очекуваат релаксирачки, романтични моменти со вашиот партнер. Исто така, припадниците на овој хороскопски знак кои се сингл ќе имаат многу добра забава со пријателите, но и можност за едно новопознанство. Викендот ќе помине во еден краткотраен пад на расположението, кое една разговор со човек од доверба може да го поправи.
Риби
Ќе бидете многу заинтригирани за однесувањето на другите. Многу работи нема да ви се допаѓаат но вие мудро ќе молчите. Немојте да дозволите никој да ви го расипе расположението. Од партнерот очекувајте да изреагира лошо на некој настан. Вие брзо ќе успеете да ја смирите ситуацијата. Грижете се повеќе за вашето здравје. 
 Овен
Во почетокот на неделата нема да бидете Вие. Вие воглавно сте опуштени и добро расположени, но во понеделник ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: