Неделен хороскоп 24.02.2014-02.03.2014

Неделен хороскоп 24.02.2014-02.03.2014Овен
Во понеделник држете се до распоредот. Во последно време испуштивте многу работи и многу обврски кои останале незавршени. Ако добро се организирате, нема за што да се грижите. Во вторник и среда, кога љубовта е во прашање, немојте да навлегувате во детали. Опуштете се, за да не го исплашите вашиот партнер. Убаво е да се води сметка за се и да се биде посветен, но вашето однесување би можело погрешно да се протолкува. За викенд ве очекува финансиска добивка.
Бик
Понеделник ви носи забава и флерт. Ќе бидете опкружени со интересни луѓе и ќе блескате. Комплименти, внимание, повици за состаноци… ве очекуваат многу возбудувања. Во вторник ќе правите рутински работи.Ќе добиете желба да направите нешто несекојднево но внимавајте да не претерате. Од четврток па до крајот на неделата, страста ќе завладее со вашиот живот. Љубовта ќе тропне на вашата врата.
Близнаци
На почетокот на неделата нема да бидете вие… Вие сте вообичаено опуштени и добро расположени, но со вас ќе завладеат тешки емоции.  Во вторник и среда ќе имате серизоен разговор со вашето семејство. Се ќе заврши онака како што вие сакате. Во четврток ако се обидувате да сокриете нешто, водете сметка како тоа ќе го извршите. Во петок и за време на викендот, вашиот мозок ќе работи многу брзо и ќе бидете многу енергични.

 
Рак
Во понеделник ќе се обидете да го украдете вниманието на околината. Немојте да мислите дека тие тоа не го забележуваат. Вие имате квалитети по кои ве препознаваат луѓето. Во вторник и среда обидете се да ги слушате луѓето околу вас. Во четврток и петок ќе бидете многу емотивни. Немојте да бидете своеглави, особено кога љубовта е во прашање. Водете сметка да не претерувате со реакциите.
Лав
На почетокот на неделата ќе бидете повлечени и затворени во себе. Искористете го таквото расположение и во понеделник посветете се на својот внатрешен свет. Од среда ќе бидете особено харизматични и шармантни, па ќе постигнете многу работи. Од четврток па се до крајот на неделата, ќе имате впечаток дека некој близок не ви е искрен. Немојте многу да се оптеретувате со тоа.
Девица
Во понеделник ќе немате причина да се жалите за ништо. Неделата ќе ја започнете супер организирано. Во вторник и среда само пратете ја енергијата и настаните во околината. Немојте да се трудите по секоја мера нешто да постигнете. Почнувајќи од четврток па се до викендот, очекувајте да бидете интелектуално моќни. Радувајте се на моќта што ја имате над околината.

 
Вага
Понеделник ви носи интересни шанси за деловни разговори. Можете да научите многу работи од личност која неодамна ја запознавте. Обидете се да бидете внимателен слушател,  а не личност која го води разговорот. Вторник и среда се денови кога ќе бидете во прв план, и кога за вас многу ќе се зборува. Уживајте во вниманието кое го добивате, бидете отворени за романтика.
Шкорпија
Понеделник ќе помине во знакот на деталите. Обидете се успешно да ги испланирате сите обврски. Среда и четврток се одлични денови за социјализација- посветете им се на пријателите. Во петок не е лошо да издвоите време и да размислите за проблемите кои подолго време ве оптеретуваат. Решението е поблиску отколку што ви се чини. Викендот искористете го за кратки патувања.
Стрелец
Понеделник ќе помине во тензија и напнатост. Ќе се затекнете на погрешно место во погрешно време. Од среда ве очекува одлична забава со пријателите, забави, дружење и излети. Можно е и едно многу интересно познанство кое нема да ве остави рамнодушни. Викеднот ќе помине со пад на расположението, но еден разговор се ќе поправи.

 
Јарец
Вашите амбиции се ваш главен двигател. Потрудете се да избегнете некои интересни идеи , бидејќи веќе и онака имате многу обврски кои мора да ги завршите. Сепак, време за дружење ќе имате од среда, а тогаш ќе добиете и некои информации кои ќе ви ја променат сликата за едно пријателство. Четврток е одличен за нови почетоци. Одличен ден за сите припадници на овој знак кои ја изгубиле вербата во љубовта.
Водолија
Обратете внимание кога се во прашање парите и позајмувањето. Некои личности лесно ќе ги процените и покрај тоа што ќе се обидат да се покажат во најдобро можно светло. Среда и четврток се идеални за нови почетоци. Ако сте расположени нешто да научите, не би било лошо едукацијата да ја започнете веднаш. Поврзете се со некој кој неодамна го запознавте, а кој има слични афинитети како и вие. Во четврток и петок ќе бидете малку изгубени во морето од информации, но не дозволувајте да се збуните. Послушајте го внатрешниот глас и ќе знаете што е најдобро за вас.
Риби
Во понеделник немојте да бегате од една ситуација. Послушајте некој постар член од семејството. Среда и четврток се денови кога треба да му се посветите на партнерот. Поработете на евентуалните проблеми во врската.  Недоразбирањата се резултат од лошата комуникација што ја имате со партнерот. Во петок посветете се на себе си. Не дозволувајте да ве оптеретуваат работи за кои не сте вие виновни.Овен
Во понеделник држете се до распоредот. Во последно време испуштивте многу работи и многу обврски кои останале незаврш

Пронајдете не на следниве мрежи: