Неделен хороскоп 24.10.-30.10.2016

Неделен хороскоп 24.10.-30.10.2016Овен
Самоуверено ги браните своите работни интереси и акивно учествувате во различни преговори, при тоа не посветувате многу внимание на нечиј коментари. Ситуациите кои не се по ваша мерка или вкус, одбивате да ги слушате и не дозволувате некој да ја менува вашата работната стратегија и стил на работење. 
Бик
Совесно го исполнувате својот дел од обврските или официјалните договори, но постојат соработници кои имаат различни вредносни мерила и често ја менуваат својата стратегија на однесување. Нема причина некој да влијае на вашата професионална несигурност. 
Близнаци
Некој ги критикува вашите идеи или однесување кон соработниците, но вие се оглушувате за пратечките коментари важно ви е да остварите успешни резултати и да ја подобрите својата финансиска позиција. Вешто пронаоѓате заобиколни решенија и не се согласувате со ултимативни понуди.
Рак
Важно ви е да осмислите добра работна стратегија, поради тоа бидете доволно промислени во проценката на вистинските вредности. Некој внимателно го анализира вашето однесување или изјавите кои ги давате. Избегнувајте јавна расправа со соработниците кои користат различни работни критериуми.

 
Лав
Во согласност со своите афинитети избирате работа за која ви се чини дека има најмногу изгледи за успех и поширока афирмација. Потребно е да осмислите добар план и да пресретнете одредени соработници. Правилната информираност и добрата работна организација води кон успех, важно е ефикасно да ги остварите своите цели без непотребни расправи.
Девица
Благодарејќи на новите информации за работните ситуации ги проширувате своите интереси во различни правци. Се наоѓате во сјајна ситуација да остварите долгорочни работни интереси. Во споредба со своите соработници често водите „главен збор“ и умеете да остварите добра позиција.
Вага
Не сакате да ризикувате во работно-финансиските преговори, но забележувате дека некој од соработниците индиректно ги менува почетните услови или дека ги провлекува своите цели. Доколку не испочитувате нечиј барања, ве очекуваат дополнителни компликации и зборови на критика. 
Скорпија
Се наоѓате во креативна фаза, но постојат различни околности кои го ограничуваат вашето влијание. Случувањата на работната сцена имаат променлив тек, вештината на прилагодувањето во одредени ситуации донесува најдобар ефект. 

 
Стрелец
Делувате одлучно во своите намери и ви импонира сознанието дека околината ги поддржува вашите идеи. Новото сознание позитивно влијае на вашата професионална ориентација. Умеете да процените поволна ситуација на работната сцена и да осмислите добар настап пред соработниците. Посветете внимание на можност за партнерско здружување во подолг временски период. 
Јарец
Важно ви е да ги проширите своите професионални интересирања во различни правци , но псотјат ситуации кои бараат доплнителен напор. Ви се чни дека губите драгоцено време или енергија, додека ги слушате соработниците за различните работни идеи кои немаат перспектива.
Водолија
Потребно е да дефинирате листа од приоритети во согласност со новите случувања на работната сцена и по основните критериуми кои се применуваат. Избегнувајте соработка со личност која ви создава различни непријатности, не е момент да се пресметувате со неистомислениците.
Риби
Делувате многу промислено и комплетната ситуација на работната сцена ја проценувате од различни аспекти. Потребно е да се определите за долгорочно работно-финансиско решение и за сигурен партнер. Успехот се сведува на детално планирање и на правилна проценка на работните можности, својата креативна енергија насочете ја кон корисни цели.Овен
Самоуверено ги браните своите работни интереси и акивно учествувате во различни преговори, при тоа не посветувате мно

Пронајдете не на следниве мрежи: