Неделен хороскоп 25.01-31.01.2016

Неделен хороскоп 25.01-31.01.2016Овен
Делувате одлучно во своите намери и очекувате околината да ги поддржува вашите идеи. Новото сознание позитивно влијае на вашата професионала ориентација. Умеете да ја процените поволната ситуација на деловната сцена и да смислите добар пристап.
Бик
Важно ви е да ги проширите професионалните интереси во различни правци, но постојат и ситуации кои бараат дополнителен напор. Ви се чини дека губите драгоцено време и енергија, додека ги слушате другите. Бидете реални прифатете совет од оние што имаат доволно знаење и искуство.
Близнаци
Потребно е да ги дефинирате приоритетите во склад со новите случувања на деловната сцена и по основните критериуми кои се применуваат. Избегнувајте соработка со личност која ва ви создава неугодност, не е момент да бидете во конфликт со неистомислениците. Посветете внимаение на работи кои ќе ви донесат конкретни резултати.
Рак
Делувате многу промислено, потребно е да се определите за долгорочно финансиско решение и за партнер кој ви е од доверба. Успехот се сведува на деталното планирање и на правилна процена на деловните можности. 

 
Лав
Самоуверено ги браните своите работни интереси и активно учествувате во различни преговори, при тоа не посветувате внимание на нечиј коментари. Ситуациите кои не се по ваша мерка или вкус, одбивате да ги слушнете и не дозволувате некој да ја менува вашата работна стратегија и стил на работа. 
Девица
Совесно го исполнувате својот дел од обврските или официјалните договори, но постојат соработници кои имаат поинакви вредносни мерила и целосна ја менуават својата стратегија на однесување. Нема причина некој да влијае на вашата професионална несигурност.
 
Вага
Некој ги критикува вашите идеи или однесување кон соработниците, но вие не посветувате внимание на пропратните коментари. Важно ви е да остварите успешни резултати и да ја подобрите својата финансиска позиција. Вешто пронаоѓате заобиколни решенија и не се согласувате со ултимативни понуди.
Скорпија
Важно ви е да осмислите добра работна стратегија, поради тоа бидете доволно промислени во проценката на вистинските вредности. Некој внимателно го анализира вашето однесување или изјавите кои ги давате. Избегнувајте јавна расправа со соработниците кои користат различни работни критериуми.

 
Стрелец
Во согласност со своите проверени афинитети избирате работа која ви се чини дека има најголеми изгледи за успех и поширока афирмација. Потребно е да осмислите добар план и да ги престигнете соработниците. Правилната информираност и добрата работна организација води кон успех, важно е ефикасно да ги остварите своите цели без непотребни расправи.
Јарец
Благодарејќи на добрата стратегија и новите информации за работните можности ги проширувате своите интересирања во различни правци. Се наоѓате во сјајна шанса да остварите долгорочни работни интереси. Во споредба со своите соработници често го имате „главниот збор“ и умеете да остварите добра позиција. Важно е да поттикнете двонасочни контакти.
Водолија
Не сакате премногу да ризикувате во службените-финансиски преговори, но забележувате дека некој од соработниците индиректно ги менува почетните услови или дека упорно ги провлекува своите цели. Доколку не испочитувате нечиј барања, ве очекуваат дополнителни компликации и зборови на критика.
Риби 
Се наоѓате во креативна фаза на изразување на своите работни идеи, но постојат и различни околности кои го ограничуваат вашето влијание. Случувањата на работната сцена имаат променлив тек, вештината на прилагодување во одредени ситуации донесува најдобар ефект. Овен
Делувате одлучно во своите намери и очекувате околината да ги поддржува вашите идеи. Новото сознание позитивно влијае

Пронајдете не на следниве мрежи: