Неделен хороскоп 25.04.-01.05.2016Овен
Делувате многу амбициозно и со барања, така што на сите им станува јасно дека не сакате некој да ви ги нарушува или попречува вашите работни планови. Вложувате голема енергија во различни цели и не дозволувате некој да го критикува вашиот начин на работа. Наместо да фаворизирате натпреварувачки однос со соработниците, прилагодете го својот стил на однесување и не влегувајте во финансиски или имотен ризик.
Бик
Преокупирани сте со размислување за нови работни планови или натрупани обврски кои ве пратат. За жал, не можете да се пофалите со добра комуникција во кругот на службените партнери. Понекогаш мора да преземете содветен работен ризик во согласност со зададената ситуација и предизвик. Потребно е да се определите за корисни цели, кои ќе ви овозможат подобри професионални услови.
Близнаци
Делувате многу амбициозно и сакате да остварите низа на работни цели на различни нивоа. Доволно сте претприемчиви, така што соработниците имаат доверба во вашите професионални способности. Снаодливоста при финансиските трансакции, ветува добар профит или некој вид на материјална добивка. Заинтересирани сте за нова работна понуда која подразбира проширена соработка.
Рак
Способоста за добро забележување и сјајната концентрација ви помагаат да ги остварите своите работни цели. Важно е да поттикнете креативност во вашите идеи, ве очекува заедничка добивка и можност за обновување на некои службени договори. Во зависност од личниот интерес или мотивација, избирате варијанта која донесува најдобри резултати.
Лав
Во согласност со поставените приоритети имате своја визија и не сакате да прифатите компромисна понуда, на таков начин непотребно ја отежнувате својата работни или општествена положба. Имате прифатено премногу обврски кои почнуваат да ве замараат. Доколку ви е важно да го сочувате добриот работен рејтинг, здружете ги своите интереси со сигурни соработници и прифатете нечие влијание.
Девица
Важно ви е да остварите нови или корисни цели на различни страни. Важно е да обновите некои работни контакти и да се приклучите на тимот на соработници за кои ве врзуваат слични професионални интереси и визии. Определете се за варијанта која овозможува напредување на работната летвица на различни нивоа и бидете внимателни со вложувањето на пари.
Вага
Делувате претенциозно и имате впечаток дека се наоѓате пред остварување на важни работни цели. Поради лошите работно-финансиски проценки, ве очекува привремена фаза на стагнација и некои дополнителни обврски. Сепак, се може да се корегира во согласност со личната мотивација и зададените услови. Побарајте нечија интервенција при решавањето на работните, материјалните или имотните дилеми.
Скорпија
Важно ви е да остварите нови работни контакти и важни цели во преговарањето. Потребно е да оставите добар впечаток на средбата со соработниците. Од вашето залагање и дипломатски манири зависат конечните резултати. Важно е правилно да ги дефинирате заедничките интереси да ги истакнете своите професионални способности.
Стрелец
Се обидувате да заобиколите некои воспоставени правила или процедури во службените односи, но проблемите со кои се соочувате бараат дополнителен напор и добра коцнентрација. Нема потреба да ги преценувате своите професионални можности пред околината. Препуштете на соработниците да одлучуваат за заедничките интереси, посебно во ситуациите кои го надминуваат вашето знаење или практично искуство.
Јарец
Имате направено добра работна проценка, потребно е да ја докажете својата професионална умешност во остварувањето на некои практични цели од заеднички интерес. Некој се обидува да ви го сврти вниманието во погрешен правец, не дозволувајте да ве оптеретуваат разни коментари.
Водолија
Важно ви е да придобиете нечија доверба или поширока наклонетост во службените кругови, поради тоа делувате многу промислено и внимателно. Информациите со кои располагате не претставуваат гаранција за успех, но вие имате добар интуитивен сигнал кој ве наведува на правилно решение. Јасно ви е дека работните правила или околности брзо се менуваат, мудро очекувате подобра можност и своја шанса.
Риби
Се наоѓате во сјајна психо-физичка форма, вашите соработници очекуваат да делувате многу успешно или над просечните мерила. Ви импонира сознанието дека околината има доволно доверба во вашите професионални способности. Добрата работна стратегија и прецизните потези претставуваат гаранција за долгорочен успех. Сепак, постојат ситуации кои не зависат од вашата волја. Овен
Делувате многу амбициозно и со барања, така што на сите им станува јасно дека не сакате некој да ви ги на