Неделен хороскоп 25.08.-31.08.2014Овен
Оваа недела ќе имате доста храброст и сила, па потребно е сето ова да го искористите на правилен начин и во вистинска насока, за накрај да успеете да ги соберете плодовите од работата. Акцентот ќе биде на релаксирањето и задоволствата, па со самото тоа ќе ги наполните батериите. Бидете внимателни доколку треба да почитувате некој договор или доколку е потребно внимани за да се изврши некоја деликатна работа, бидеји постои можност од превид и грешки од невнимание. Емотивната инспирација ќе пробуди необични идеи и ќе зрачите со позитивна енергија. Во согласност со својот емотивен статус или афинитети, кон крајот на неделата изберете и нова љубовна романса.
Бик
Некои припадници на вашиот знак ќе бидат посебно тврдоглави оваа недела, па дури може да дојде и до екстремни однесувања. Би можело да помогне доколку поразговарате со некого за вакви ситуации, како би ги ублажиле и можеби спречиле. Неделава акцентот ќе биде на семјните собирања и релаксации. Бидете внимателни кога љубовта е во прашање, бидејќќи некој може не е таков каков што ви се претставува. Можни се некои исклучително атрактивни понуди, но имајте на ум дека не е злато се што сјае. Како и до сега, сигурно е само она што цврсто „го држите во своите раце“. Смирете ги своите страсти и прифатете ја реалната слика во љубовните односи.
Близнаци
Можно е да се чувствувате под притисок бидејќи ќе има премногу барања од вас, што ќе ја црпи вашата сила и енергија. Ова би можело да ја обележи оваа недела доколку не се потрудите да ја распоредите работата и да го смалите притисокот. Доколку се соочите со доцнење, би било полесно моментално да се препуштите на околностите отколку да форсирате нешто. Од друга страна, семејството и пријателите, кои ви се многу блиски, можат да ви понудат опуштање доколку приметат дека сте преоптеретени. Неодлучноста може да ве доведе до погрешен емотивен избор. Љубовните правила се менуваат, дозволено е се она што води кон заедничка среќа и задволство.
Рак
Неделата пред вас е полна со позитивни потенцијали, така што сите негативни моменти речиси ќе исчезнат. Доколку некој инсистира на разговор со вас за своите проблеми, дадете се од себе да го сослушате и да му помогнете. Што се однесува на финансиите, овде сте одлични оваа недела. Самоувереноста и леснотијата со кои ги извршувате работите, би можело да бидат одличен катализатор на идеи кои ќе ви донесат дополнителни пари. Нема да сакате премногу да го анализирате вашиот љубовен живот, а психолошкиот и емотивен притисок може да создаде само спротивен фект.
Лав
Можно е ова недела да посакате малку да се истакнувате пред другите и да ја споделите пред нив својата генијалност, но некои проблеми во домот може да ве спречат во тоа. На крајот, драмата на никој не му помага. Потребно е малку да застанете, да размислите и дојдете до суштината. Доколку повеќе не можете да издржите и сметате дека се наоѓате на ивица, побарајте помош. Подоцна во текот на неделата, посветете внимание на своите финансии и пронајдете начин да заштедите. Ќе се појави личност која ќе делува многу позитивно на вашето емотивно расположение.
Девица
Доколку во последно време сте биле „заробени“ во вашите соништа и фантазии, неделата која е пред вас ви носи шанси да ги остварите. Додека акцентот и понатаму ќе биде на вашата духовност и ментална сила, во деновите пред вас може да очекувате големо поместување напред. Одберете една цел која ќе се појави пред вас и фокусирајте се на неа. Од друга страна, интеракцијата со другите луѓе ќе биде врвна, посебно со одредена личност. Како што работите стојат, се ќе се среди само од себе, а вие обидете се да се спротивставите на нагонот упорно да го пробувате невозможното. Нема причина да се откажувате од добирите намери, уживајте во ситуациите кои ви носат емотивно зближување.
Вага
Друштвените случувања ќе ви донесат доста задоволства оваа недела. Доколку сакате весели забави, тогаш ќе имате од тоа многу повеќе. Можни се љубовни состаноци со голем потенцијал да се продолжат и претворат во нешто сериозно. Ќе посакувате поголема емотивна слобода и ќе бидете склони кон чести промени во однесувањето и расположението. Во текот на викендот ќе бидете исцрпени кога се во прашање финансиите, но не по ваша грешка, затоа имајте пари настрана за секојдневни ситници.
Скорпија
Соработувајте со другите луѓе колку што можете повеќе, но не дозволувајте тоа да ја уништи вашата фокусираност и објективност. Држете се на своите приоритети. Ова во принцип звучи доста лесно, но во пракса не е така. Може да увидете колку препреките и доцнењата ве задржуваат. Обидете се да се оградите од тоа, наоружајте се со трпение и ќе ги решите своите проблеми. Од друга страна, вашиот социјален живот ќе биде многу возбудлив, пружајќи ви доста задоволства. Потрудете се да се однесувате страствено и привлечно во различни прилики. Љубовниот занес ќе ви пробуди нова енергија и некоја скриена сила.
Стрелец
Моменталниот планетарен распоред дополнително ќе ви ја зајакне желбата за акција, ќе бидете преполни со енергија за забава, возбудување и авантура. Во професионалниот живот ќе се „спуштите на земја“ и ќе се соочите со реалните проблеми. Доколку оваа недела се фокусирате на финансиите и работата, тоа може да биде многу профитабилно. Ќе мора да направите добар план и да се погрижите да го спроведете до крај. Доколку сте слободни ве очекува некоја изненадна средба или нечиј повик, што ќе пробуди љубовна искра во вас.
Јарец
Доколку оваа недела допуштете некои луѓе да влијаат на вас, вашиот социјален живот ќе бидете катастрофа. Ќе мора да поставите граници и јасно да кажете дека таквото однесување нема да го толерирате. Кога ќе ги решите тие работи ќе може и да уживате. Од друга страна, финансиите ви се добри а можат да бидат и подобри доколку сте подготвени да ги искористите своите креативни вештини и да заработете доплнителни пари. Исто така, можно е да ви се укаже шанса за некое патување, посебно доколку планирате одмор. Емотивниот занес ќе треба да го контролирате и да посветите внимание на нечиј коментари.
Водолија
Недоразбирања и тотално погрешни судови се можни оваа недела, затоа немојте да земате се здраво за готово, посебно кога финансиите се во прашање. Доколку треба нешто да потпишете, двапати проверете дали се е во ред. Од друга страна, ангажирањето во друштво или некои групи може да ви донесе бенефиции за некоја многу важна врска. Таквото ангажирање посебно може да влијае на вашиот живот. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците прилагодете го својот стил на изразување во однос на утврдените правила и високите професионални критериуми. Ќе имате необични идеии и ќе сакате да импресинирате некоја блиска личност на еден невообичаен и висок стил.
Риби
Оваа недела ќе бидете под влијание на некоја немирна енергија, која може да биде многу конструктивна доколку правилно ја канализирате. Подобро би било да се фокусирате на работата, отколку да подлегнете на желбата за одмор и уживање. Тоа може многу да ви се исплати. Оваа недеа може да имате доста корист од корисните совети на пријателите или соработниците. Можни се нервози околу планирањето на некое патување. Одговорете на новите емотивни сигнали и на нечија љубовна порака. Потпретес ена своите чувства во одлучувањето за прашања од љубовниот живот.
РепубликаОвен
Оваа недела ќе имате доста храброст и сила, па потребно е сето ова да го искористите на правилен начин и во вистинска