Неделен хороскоп 26.05.2014-01.06.2014

Неделен хороскоп 26.05.2014-01.06.2014…Овен
Започнете ја оваа недела со организирање на некоја забава. Енергијата во вас ќе биде силна и експанзивна, па ќе биде потребно некаде да ја испразните. Ако седете во едно место и дозовлете премногу да се насобере, може да се случи лесно да прерасне во негативност. Дури во четврток ќе бидете повторно способни да се смирите и вратите во секојдневните обврски. Ќе бидете позитивни и спремни да ги исполнете сите очекувања на околината. За викенд ве очекува изненадна емотивна средба.
Бик
Не морате по секоја цена да се сложувате со нечие мислење. Имате право на сопствено и недозволувајте да ве наговорат на нешто што не ви се допаќа. Во вторник поминете некое време со луѓето кои имаат сличен став за животот како и вие. Добро ќе ви дојде размената на искуства. Некои семејни прашања ќе мора да се разгледаат во среда. Во четврток ќе се сретнете со некои работни предизвици, но успешо ќе ги решите најдоцна до петок. Ќе чувствувате голема сатисфакција, а нема да изостане и пофалбата на претпоставените. Во сабота најдете веме за одмор и саканиот(ата).
Близнаци
Не губете ги живците поради некои мали работи со кои ќе се сретнувате од понеделник па се до сабота. Потребно е да останете прибрани и не трошете се на детали, бидејќи веќе во среда попладне, постои шанса да пропуштите некоја важна бизнис шанса, ако не постапите на поинаков начин. Четврток е погоден за експериментирање – и мали промени во вашиот изглед ќе направата да се чувствувате задоволни во сопствената кожа. Во сабота посветете внимание на вашите финансии. Не би било лошо да се посветите на планирањето на домашниот буџет, посебно ако во последно време сте трошеле повеќе од вашите можности.

 
Рак
Тешко ви е да поднесете гужва? Соочете се со неа во понеделник и вторник и немојте да ги губите живците. Колку и ситуацијата да ви делува нерешливо, сепак не е така. Во среда и четврток ќе бидете предизвикани да поставите приоритети во животот. Дали ќе се определите за работата? Или за партнерот? Најдобро е да направите баланс и да не бидете исклучиви, што и да е во прашање. Фанатизмот не донесува позитивни решенија. Викендот ќе биде преполн со друштвени случувања. Бидете секаде присутни, насмеани и остварувајте контакти кои ќе ви помогнат да напредувате во кариерате.
 
Лав
Во почетокот на неделата преземете го ризикот кога е љубовта во прашање. Било што и да е во прашање резултатите ќе бидат позитивни и ќе бидете награден за својот труд. Од понеделник вечерта, па се до среда, обидете се да ја ставите под контрола вашата мрзелива страна на личноста.Околината ќе се обиде да ве повлече надоле и да ве направи негативни, но немојте тоа да го дозволите. Вашиот ентузијазам, доколку се одржи, до крајот на неделата би можел да ви донесе позитивни резултати на сите животни полиња. Во сабота навечер и во недела ќе најдете начин да ја избегнете рутината и добро да се забавувате.
Девица
Ако оваа недела се чувствувате посебно великодушно, помогнете им на другите луѓе колку што можете. Вашата топлина и сериозно прифаќање на животот пријатно ќе се одрази на сите кои ќе разговараат со вас. Се до среда ќе бидете во центарот на вниманието. Во четврток, петок и сабота, посветете се на долгорочните планирања кога е во прашање вашата врска. Смислите стратегија и план како да го постигнете она што сте го наумиле. Во сабота и недела фокусирајте се на своите пријатели. Излезете со нив и добро забавувајте се. Нема потреба да бидете премногу сомничави и да се грижите премногу за сопственото здравје. Опуштете се повеќе.

 
 
Вага
Во понеделник ќе добиете сила и моќ од својот партнер. Вие генерално добро се надополнувате и кога работите нешто заедно постигнувате најголем успех. Неделата пред вас е исклучително поволна кога љубовта е во прашање. Нови врски, како и стари, ќе бидат полни со емоции и љубов. Во среда и четврток ќе ви биде потребно некое време да поминете сами. Немојте да се стегате да си го допуштите тоа на себе. Времето поминато во мир и тишина ќе ви помогне да се опуштите и да размислувате за значајни работи во животот. За викендот ве очекува интересен повик. Тоа може да биде некоај бивша љубов или стар пријател. Во секој случај, ќе бидете пријатно изненадени.
Стрелец
Слободно кажете не, доколу тоа го сакате! Во понеделник и вторник некој напорен и многу упорен ќе ве наговара, инсистира или ќе ве тера да работите работи кои не сакате да ги правите. Не дозволувајте проблемите на работата негативно да влијаат на вашиот приватен живот. Многу е важно да останете силни и дипломати. Во среда и четврток ќе биде посебно важно на луѓето да и ставете до знаење каде им се границите кога е во прашање однесувањето кон вас. За викенд посветете се на семејството.Направете убав ручек или заедно одете некаде во природа. Така ќе се опуштите и ќе ги заборавите сите напорни денови кои се позади вас.
Скорпија
Оваа недела ќе имате доста можности да се задоволите себеси и да го правите она што сакате! Понеделник  е идеален за остварување на некои амбиции, најверојатно они кои ги имате од неодамна. Од понеделник навечер, па се до среда, некои потреби би било пожелно да ги ставите во втор план, како не би се довеле во конфликт со некој кој ви е посебно драг. Четврток, петок и сабота поминете ги во дружење со некои драги луѓе. Не само што ве очекува многу добра забава, туку ќе бидете и во можност да дознаете некоја тајна. Недела е погодна за одмор, медитација и дружење со партнерот.

 
 
Јарец
Нови познанства ве очекуваат во понеделник. Во прашање се личности поврзани за вашата работа – нови бизнис партнери или клиенти. Вторник донесува извесни потешкотии во комункацијата, но тогаш треба да се посветите на индивидуалните проекти, па до недоразбирања може да не дојде. Проблеми во партнерските односи можат да се појавата во четврток, а се поради вашата желба да се посветите на себеси и сопствените желби.  Најдете време за саканата личност и недоразбирањата брзо ќе исчезнат. Сабота и недела се денови кога е пожелно да се посветите на семејството или на уредување на домот.
Водолија
Што е тоа што ви е најголем приоритет во овој момент? Што е тоа што ви е најважно? Посветете се на тие работи уште на самиот почеток на неделата. Ако барате некоја љубов, ова е идеален период да запознаете некого кој би можел да ве заинтересира. Бидете свесни за вашите желби и можности и за вас ништо нема да биде недостижно. Во среда и четврток  ќе се најдете во друштво на некои навистина интересни луѓе. Слушнете што имаат да кажат и тие. Кога работата е во прашање, во четврток ќе мора да направите некои компромиси. Интересирање за личниот живот и пријателите покажете најкасно до петок. Викендот е погоден за опуштање.
 
Риби
На самиот почеток на неделата, најдете време да размислите за вашата иднина. Ова е посебно важно поради тоа што вашата моментална ситуација не ветува многу позитивно. Можеби дојде време да го промените професионалното опкружување, па деновите кои се пред вас искористете ги да се дополнително информирате по тоа прашање. Не се сомневајте во себе и своите квалитети. Во среда најдете време за едно добро дело. Обрнете се околу себе и видете на кого му е потребна помош. Во четврток би можело да научите една важна животна лекција. Викендот ќе ви биде исполнет со позитивна енергија и креативноста ќе ви биде врвна. Посветрте се на личните интереси.
 
 Овен
Започнете ја оваа недела со организирање на некоја забава. Енергијата во вас ќе биде силна и експанзивна, па ќе биде

Пронајдете не на следниве мрежи: