Неделен хороскоп 28.09-04.10.2015

Неделен хороскоп 28.09-04.10.2015Овен
Јасно ви е дека сплет од различни околности на работната сцена наложува да прифатите нова улога, која бара подобро прилагодување и делумно ограничување на вашето влијание. Потребни ви се дипломатски манири и поширока компромисна варијанта, како успешна формула која донесува добивка. Добро се снаоѓате во работните ситуации кои можете да ги прилагодите на своите вредносни мерила.
Бик
Се соочувате се со нови дилеми, некој од соработниците ве наговара да продолжите со започнатите работите и да се се осврнувате на различни предупредувања. Повремено чувствувате недостаток на волја или концентрација во извршувањето на некои рутински задачи. Не сакате да ги пречекорите своите работни овластувања, поради тоа го одложувате донесувањето на конечната одлука.
Близнаци
Делувате многу ангажирано на работната сцена и не сакате некој да ве попречува во плановите кои ги имате. Наместо да го фаворизирате натпреварувачкиот однос со соработниците, променете го својот стил на однесување и не влегувајте во финансиски или имотни ризици. Здружете ги своите работни интереси со проверен тим, кој ветува успешна и долгорочна соработка.

 
Рак
Делувате многу промислено во различни ситуации, умеете да процените поволна шанса на работната сцена и да ги остварите своите цели. Способноста за добра концентрација ви овозможува успешно да ги завршувате работите на различни страни. Ве очекува заедничка добивка и можност за успешно креирање или практично насочување на работните планови. 
Лав
Јасно ви е дека имате сјајна работна можност која не треба да ја прпуштите. Обновете некои работни врски или контакти. Придружете се на тимот на соработници за кој ве врзуваат слични аспирации и професионални интереси. Важно е да се определите за варијанта која овозможува напредување на работната летвица. Бидете внимателни со вложувањето на пари и имот.
Девица
Делувате многу одлучно во своите намери, соработниците имаат позитивно влијание на вашата ангажираност и на работната проценка. Во ситуациите во кои се испреплетени работниот успех и емотивното задоволство, чувствувате психолошки притисок и дополнителна одговорност. Слободно прифатете го новиот работен предизвик, како добра шанса да ги тестирате своите способности во повеќе правци. 

 
Вага
Делувате многу амбициозно и ангажирани сте на различни страни, за среќа околината ве поттикнува на креативно изразување. Во зависност од личното интересирање или мотивација, избирате работна варијанта која донесува најдобри резултати. Сепак, не дозволувајте во вас да преовлада нескромноста или потребата да одлучувате за заедничките итнереси.
Скорпија
Очекувате некој сериозно да ги прифати вашите работни идеи и ви пречи чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Сепак бидете доволно стрпливи, на заобиколен начин може да остварите поволни резултати на различни страни. Наскоро ве очекуваат некој вид на заслужни награди или материјална надокнада, како потврда на вашите професионални способности и влијание. Партнерот се обидува да ве орасположи на различни начини и де ги исполни вашите очекувања
Стрелец
Важно ви е во наредниот период да остварите некои нови или перспективни контакти на работната сцена. За вашите идеи да би го привлекле вниманието на јавноста потребно е да остварите добар впечаток во секој поглед. Од вашето вкупно ангажирање и дипломатската тактика зависат конечните резултати во работните преговори. Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности.

 
Јарец
Вознемирени сте поради некои нови случувања на работната сцена и се обидувате да разрешите едно недоразбирање во односот со соработниците. Сепак, нема причина за паника и избрзаност. Потребно е да спроведете брза, но и промислена акција како би ги дефинирале заедничките интереси и приоритети. Способноста за добра концентрација и правилната проценка ги зголемува вашите шанси за успешни резултати. 
Водолија
Важно ви е во наредниот период да ја унапредите својата работна позиција. Повремено имате големи амбиции или нескромни очекувања на средбата со соработниците. Сакате да профитирате во работи кои не припаѓаат во вашата основна надлежност. Важно е да бидете правилно информирани  за новите случувања на работната сцена и да понудите практични решенија од заеднички интерес.  
Риби
Имате доволно творечка енергија и силна волја, но внимателно размислете за своите интересни цели. Потребно е да осмислите добра работна стратегија, која ќе ви овозможи успешно да се ангажирате на различни страни. Се се сведува на доброто планирање и на правилната проценка на реалните можности. Се наоѓате во фаза на креативен подем на работната летвица. Овен
Јасно ви е дека сплет од различни околности на работната сцена наложува да прифатите нова улога, која бара подо

Пронајдете не на следниве мрежи: