Неделен хороскоп 29.09.-05.10.2014

Вашиот неделен хороскоп…Задолжително проверете што ве очекува во текот на оваа недела.Овен
Имате одлична деловна прилика која не треба да се пропушти. Обновете некои нови деловни контакти, најдете добри соработници и започнете бизнис. Важно е да одберете варијанта која нуди напредок и прогрес. Понекогаш малите работи може да создадат голема магија, ако правилно ги вреднувате.
Бик
Изгледате многу одлучно во своите намери, соработницита имаат позитивен впечаток. Но често не може да најдете баланс помегу работните ангажмани и емотивниот предизвик. Слободно прифатете го новиот предизвик. Партнерот се обидува да ги разреши дилемите и очекува од вас емотивна поддршка. Немојте да дозволите некој од страна да ја нарушува вашата емотивна хармонија.
Близнаци
Амбициони сте и ангажирани на повеќе страни истовремено. Креативни сте а тоа им се допаѓа на сите. Во зависност од личните интереси и мотивација, барате деловни варијанти кои ви одговараат. Преовладува нескромност или потреба да одлучите и во име на партнерот, ве предупредуваме не го правете тоа затоа што на тој начин ќе си создадете само проблеми.

 

Рак
Очекувате некој сериозно да ги сфати вашите деловни идеи и ви смета чувството на нерамноправност во односот со соработниците. Сепак бидете доволно трпеливи затоа што се ќе дојде во свое време. Очекувајте некој вид на заслужена награда. Партнерот се обидува да ве расположи на сите можни начини.
Лав
Во почетокот на неделата ќе бидете малку повлечени, но тоа на некој начин ќе ви се исплати. Во понеделник поминете некое време сами и одморете се од друштвото и другите луѓе. Така ќе го повратите изгубениот баланс. Во вторник и среда фокусирајте се на технологијата. Поправете го компјутерот или надградете го, или ако сте во можност, почастете се со некој нов уред. На крајот на неделата ќе имате помали проблеми на работното место.
Девица
Ќе ви биде потребна физичка активност и да посветите внимание на вашата исхрана. Можно е да водете неадекватен начин на живот. Конфликтна ситуација со некој од вашиот круг на пријатели е извесна во среда. Ќе направите работи за кои сигурно подоцна ќе жалите, па потрудете се брзо да ги поправите грешките. Во четврток и петок парите ќе играат важна улога во вашиот живот.

 

Вага
Вашите работи и завршувањето на започнатите задачи во почетокот на неделата ќе ви бидат во преден план и гледајте се да завршите во понеделник и вторник, бидејќи вашата енергија тогаш ќе биде поволна за тоа. Иако звучи досадно, се што ќе направите ќе ви биде од корист. Во средината на неделата ќе се фокусирате на некоја одредена личност.
Скорпија
Имате силна волја, но внимателно размислувајте за своите интереси и цели. Потребно е да смислите добра стратегија која ќе ви овозможи добра организација и можност да стигнете на сите страни. Се се сведува на добро планирање. Емотивната инспирација е неисцрпна.
Стрелец
Прифатете ја новата улога и новите можности кои ви се нудат, бидете прилагодливи и едноставни во комуникацијата. Добро се снаоѓате секаде а сега ќе имате можност тоа и да го докажете на дело. Нема причини да ја провоцирате љубовната среќа. Погрешен чекор или ризик ќе биде погубен.

 

Јарец
Се соочувате со нови дилеми, повремено чувствувате недостаток на концентрација и не сакате да извршувате рутински работи. Четврток, петок и сабота поминете ги во дружење со некои драги луѓе. Не само што ве очекува многу добра забава, туку ќе бидете и во можност да дознаете некоја тајна. Недела е погодна за одмор, медитација и дружење со партнерот.
Водолија
Многу сте ангажирани на деловен план и не сакате некој да ви ги забавува плановите кои ги имате. Наместо да го фаворизирате натпреварувачкиот дух променете го стилот и изненадете ги сите. Здружете ги деловните интереси со тимот кој ветува успешна соработка. Чувствувате емотивен немир и многу лесно саканата личност може да ве поттикне на бурна реакци или пак на нешто сосема спротивно енергични изливи на емоции и страст.
Риби
Во почетокот на неделата преземете го ризикот кога е љубовта во прашање. Било што и да е во прашање резултатите ќе бидат позитивни и ќе бидете награден за својот труд. Од понеделник вечерта, па се до среда, обидете се да ја ставите под контрола вашата мрзелива страна на личноста. Околината ќе се обиде да ве повлече надоле и да ве направи негативни, но немојте тоа да го дозволите. Вашиот ентузијазам, доколку се одржи, до крајот на неделата би можел да ви донесе позитивни резултати на сите животни полиња.Овен
Имате одлична деловна прилика која не треба да се пропушти. Обновете некои нови деловни контакти, најдете добри сораб

Пронајдете не на следниве мрежи: