Неделен хороскоп 29.12.2014-04.01.2015

Неделен хороскоп 29.12.2014-04.01.2015Овен
Се однесувате многу енергично и активно учествувате во различни случувања на професионалната-работна сцена. Умеете да остварите корисни цели и имате големо влијание на своите соработници. Динамиката на професионалните случувања наметнува забрзано темпо и бара способност за големо прилагодување. 
Бик
Имате впечаток дека се наоѓате пред другите и самоуверено ги отфрлате различните забелешки кои не се по ваша волја. Претераното инсистирање на личните итнереси ви го одзема вниманието од околината и создава дополнителни проблеми во професионалната соработка. Потребни ви се сигурни информации и нечие посредување, како дополнителна гаранција за да би ги оствариле своите професионални визии. 
Близнаци
Дејствувате активно на различни страни и умеете да пренесете творечки импулс или креативна енергија на својата околина. Блиц интелигенција или способност за ефикасно прилагодување, ви претставуваат главен адут во професионалните средби. Наместо да се надмудрувате со неистомислениците прилагодете го својот стил на изразување во однос на утврдените правила и високите професионални критериуми.

 
Рак
Внимателно ја анализирате комплетната ситуација на професионалната-работна сцена од различни аспекти и ги проценувате своите можности. Важно ви е да дефинирате вистински професионални вредности и да ги остварите своите цели. Посветете вниание на корисни информации. Потребно ви е да применувате различни образци на успешно работење, како дополнителна гаранција и психолошка сигурност. 
Лав
Се наоѓате во фаза на креативен подем и важно ви е да го подобрите вашиот професионален или општествен статус. Осмислете добар план и мудро почекајте на завршната фаза во службените преговори. Се се сведува на прецизно планирање и на ефикасна примена на успешни формули. Важно е да имате добра концентрација на професионалните или службените средби. 
Девица
Премногу сте горди за да проговорите за одредени проблеми кои ве оптеретуваат и на тој начин непотребно го отежнуваат важиот професионален или општестествен статус. Доколку ви е важно да ги сочувате добрите работни врски и рејтинг, прифатете ја можноста за компромисен договор. Постојат утврдени правила кои мора да ги испочитувате во професионалната соработка, постапете во согласност со својата совест.

 
Вага
Се наоѓате во сјајна форма и имате интересни идеи. По испробан рецепт применувате успешни правила во работната-финансиска соработка. Потребен ви е добар поттик или некој кој би ве поддржал во одлучувачки ситуации. Вашата добитна комбинација, претставува спој на убави и корисни работи во различни правци. Во односот со саканиот(ата), понекогаш ви недостасува почетен занес или доволна храброст да ги изразите своите емотивни намери. 
Скорпија
Се однесувате енергично пред својата околина и се обидувате да ги усогласите различните професионални интереси. Важно ви е да сочувате добар професионален рејтинг, но не се согласувате со нечие дополнително условување. Потребно е да одредите јасна граница помеѓу своите интереси и професионалните стандарди кои ги наметнува група на соработници. Не сакате премногу да го анализирате својот љубовен живот, не ви се допаѓа кога некој ве ограничува или насочува на избор.
Стрелец
Се наоѓате во творечка фаза и заговарате забрзан работен ритам во своето опкружување.  Поради големите амбиции повремено умеете да ги пречекорите основните правила или енергично да ја спроведете својата волја, без претходна консултација со своите соработници. Сепак заострената работна клима ќе ве натера да повлечете нови потези и да ги корегирате своите пропусти. Во љубовниот живот, упорно се обидувате да се наметнете како авторитетна личност пред својот партнер.

 
Јарец
Ангажирани сте на различни страни и со будно око ги пратите новите случувања на професионалната-работна сцена. Потребно е да поставите листа на приоритети во договор со соработниците, како рационални би ги искористиле своето знаење и енергија. Корисни информации можат да ви го олеснат патот до афирмација и професионален успех. 
Водолија
Се однесувате промислено во различни ситуации, важно ви е да придобиете нечија доверба или наклонетост во професионалните кругови. Информациите со кои располагате не претставуваат сигурни критериуми, но без големи предизвици нема ниту професионална африрмација. Важно е правилно да го дозирате својот творечки импулс со заедничките интереси. 
Риби
Чувствувате дополнителен прилив на креативна енергија и не можете да се помирите со просечни резултати. Добивата поддршка во својата околина и ви импонира сознанието дека соработниците имаат доволно доверба во вашето знаење или професионални спсобности. Потребно е да преземете соодветна иницијатива како би ги оствариле своите професионални и работни намери. Овен
Се однесувате многу енергично и активно учествувате во различни случувања на професионалната-работна сцена. Умеете да

Пронајдете не на следниве мрежи: