Неделен хороскоп 30.11-06.12.2015

Неделен хороскоп 30.11-06.12.2015Овен 
Важно ви е да ги дефинирате заедничките интереси со соработник кој според вас има различно мислење од вас. Јасно ви е дека претераното експонирање може да донесе и негативни ефекти но вие сепак се одлучивте за тој начин на работа. Понекогаш тешко го предвидувате развојот на настаните. 
Бик
Потребно е да ги ускладите своите критериуми во однос на настаните на деловната сцена. Добрата деловна проценка сама по себе носи основа за успех. Проширете ги своите интересирања на различни подрачја. Добро би ви дошло кратко патување. 
Близнаци
Внимателно ги следите новите случувања и новите информации на деловна сцена затоа што сте решени да профитирате. Тимската работа  е одлична можност да ги проширите хоризонтите и да научите нешто ново. Делувате енергично и умеете да придобиете одредена доверба. 
Рак
Добро ги проверувате сите информации кои доаѓаат до вас затоа што сите тие влијаат на остварување на вашите цели. Ако воспоставите рамнотежа меѓу практичните цели и емотивното задоволство, ве очекува добитна комбинација од успех, љубов и среќа. 

 
Лав
Постојат различни гледиша помеѓу соработниците во решавањето на некои работни интереси, нови недоразбирања создаваат напната атмосфера во вашето опкружување. Не дозволувајте некој да ве наведе на импулсивна реакција или на избрзани потези. Избегнувајте јавни расправи, работни надмудрувања или докажување на вистината пред соработниците кои располагаат со поголем авторитет.
Девица
Имате впечаток дека ситуациите на работната сцена се менуваат во позитивен правец и во согласност со вашите основни итнереси. Но, не сакате некој да го користи вашето знаење или професионални способности наспроти заедничкиот договор. Поради судирот на различни интереси, чесно наидувате на неочекувани проблеми на средбите со соработниците. 
Вага
Потребно е прецизно да ги разграничите своите работни обврски. Претераната ангажираност на различни страни може да предизвика низа на непријатни ситуации. Секој вид на неуспех се одразува на соработничкиот однос и на завршните резултати. Не дозволувајте некој да ви наметнува напорни обврски за кои немате доволно итнерес. 
Скорпија
Успехот кој го имате остварено ви дава за право да применете нови критериуми или услови во работната-финансиска соработка. Делувате нескромно и умеете да претерате во своите барања, не можете да се помирите со просечните резултати. Сепак, основно „мерило“ на успехот и вредноста, никој не може да го оспори или промени во своја корист. Во љубовниот живот ве очекуваат некои нови, но интригантни случувања.

 
Стрелец
Во согласност со своите практични интереси избирате нови работни теми или цели. Сепак работната нота која ја заговарате наидува на неодобрување кај некои соработници. Потребно е да направите компромис и заеднички договор, како услов за долгорочен успех Вештината на прилагодување на различните професионални стандарди донесува поуспешни резултати.
Јарец
Умеете да сотварите реална проценка и да го наметнете своето мислење пред соработниците. На добар начин ги вреднувате новите работни ситуации, така што не се впуштате во финансиски ризик. Може да се пофалите со успешно посредување или комуникација, која ви помага да ги остварите своите практични интереси на различни страни. 
Водолија
Постојат соработници кои непрекинато внесуваат дополнителна тензија и на таков начин ја отежнуваат вашата работна или општествена положба. Потребно е да се определите за нова работна визија или за сигурен партнер со слични идеи. Новите информации може да се толкуваат на различни начини, не дозоволувајте да ве залажи првиот впечаток. 
Риби
Важно ви е да остварите високи професионални стандарди, но вашите соработници имаат поинакви мерки на вредност и често ја менуваат својата стратегија на делување. Не дозволувајте различни недоразбирања суштински да влијаат на квалитетот во заедничкото работење. Мора да имате доволно професионална мудрост да се дистанцирате, но и авторитет да се наметнете во најдобар моменет. Овен 
Важно ви е да ги дефинирате заедничките интереси со соработник кој според вас има различно мислење од вас. Јасн

Пронајдете не на следниве мрежи: