Неделен хороскоп 31.03-16.04.2014!Овен
Започнете ја оваа недела со организирање на некоја забава.Ќе бидете доста енергични и експанзивни, па ќе морате да ја испразните вашата енергија. Ако сте на јавно место и многу ја изразувате таа енергија може дури и да станете негативни, така што обидете се да ја контролирате за да не бидете доведени до срам. Од четврток ќе бидете повторно способни да се вратите на вашите секојдневни обврски. Ќе бидете позитивни и спремни да ги исполните очекувањата од околината. За викендот ве очекува една феноменална емотивна средба.
Бик
Потрудете се уште од почетокот на неделата да си го гледате својот живот и да не се мешате во туѓите животи. Нешто ќе ја оневозможи вашата рутина во понеделник, но благодарение на вашате флексибилност и способност ќе успеете да одржите ладна глава. Во среда најверојатно е дека во вас многумина ќе гледаат водач, посебно во вашата работна средина. Бидете великодушни кога се во прашање новите идеи на колегите и покажете оптимистички став. Од четврток до сабота посветете се на вашите пријатели. Бидете внимателен слушател и давајте поддршка во секој смисла. Сабота ќе биде погодна за романтични средби и забава.
Близнаци
Оваа недела ќе имате можност да се задоволите и да правите што сакате. Понеделник е идеален за остварување на вашите амбиции и тоа оние кои ви се од неодамна. До среда сепак некои ваши потреби ќе морате да ги ставите во втор план посебно за да не повредите ваша блиска личност и да и посветите внимание. Четврток, петок и сабота посветете се на дружење со вашите блиски луѓе. Ве очекува вистинска забава, но ќе откриете доста тајни и интриги за вашите пријатели. Неделата нека ви биде ден за одмор, медитација и дружење со вашиот партнер.
Рак
Бидете доследни на самите себеси во почетокот на неделата. Не дозволувајте било кој да делува на вашиот став и мислење. Во вторник ќе бидете во ситуација да избирате страна, на работното место, но внимавајте и гледајте некако да ја одбегнете таа ситуација и да не учествувате во неа. Од среда па до сабота ќе ве прати среќа кога се однесува на работи за кои треба да преземете ризик. Бидете храбри тие денови и бидете спремни за промените кои ве очекуваат. Во петок ќе бидете преокупирани со детали и ќе бидете доста ситничави и нетолерантни со сите кои не се согласуваат со вас. Во сабота работете на вашата самодоверба која инаку не ви недостасува. Ќе почувствувате пад на енергија и ќе се чувствувате безволно и без желба за социјализација.
Лав
Не губете ги нервите поради некои мали работи со кои ќе се сретнувате од понеделник до среда. Потребно е да останете прибрани и да не се трошите на детали, бидејќи во среда постои шанса да пропуштите некоја добра бизнис прилика, ако не постапувате поинаку. Четврток е погоден ден за експериментирање – и мали промени во вашиот изглед ќе доведат да се чувствувате задоволни во својата кожа. Во сабота, посветете внимание на вашите финансиии. Не би било лошо да се посветите на планирање на куќниот буџет, посебно ако во последно време сте трошеле повеќе отколку што ви дозволуваат можностите.
Девица
Нови познанства ве очекуваат во понеделник. Во прашање се личности кои се поврзани со вашата работа – нови соработници или клиенти. Во вторник ќе имате некои потешкотии во комуникацијата, но тогаш ќе треба да се посветите на индивидуалните проекти и обврски, па до недоразбирања не мора да дојде. Проблеми во партнерските односи можат да се појават во четврток, а се поради вашата желба да се посветите на самите себе и на своите желби. Најдете време за својата сакана личност и недоразбирањата набргу ќе исчезнат. Сабота и недела се денови кога би било пожелно да се посветите на семјеството или уредувањето на вашиот дом.
Вага
На самиот почеток на неделата не стоите во место. Во понеделник пратете ги своите емоции и правете го тоа што го сакате. Немојте да дозволите да ве спречуваат предрасудите и мислењата на другите луѓе. Ако имате страв, многу може да пропуштите. Средината на неделата ќе ви донесе високо ниво на креативна енергија, и со тоа ќе успеете да воодушевите некој кој ќе ви биде и многу благодарен. За викендот најверојатно ќе претерате со ситници. Вдишете длабоко и одморете. Во недела искористете го својот шарм да го добиете тоа што го посакувате.
Скорпија
Нови познанства ве очекуваат во понеделник. Во прашање се личности кои се поврзани со вашата работа – нови соработници или клиенти. Во вторник ќе имате некои потешкотии во комуникацијата, но тогаш ќе треба да се посветите на индивидуалните проекти и обврски, па до недоразбирања не мора да дојде. Проблеми во партнерските односи можат да се појават во четврток, а се поради вашата желба да се посветите на самите себе и на своите желби. Најдете време за својата сакана личност и недоразбирањата набргу ќе исчезнат. Сабота и недела се денови кога би било пожелно да се посветите на семјеството или уредувањето на вашиот дом.
Стрелец
Во почетокот на неделата нема да се чувствувате баш најдобро и нема да бидете прилагодливи кон околината. Внимавајте на вашиот критицизам кон другите. После среда вашата ситуација ќе се подобри, ќе бидете во центар на внимание и опкружени со љубов. Во четврток, петок и сабота ќе биде потребно да се посветите на детали, и онака тоа не е тешка работа за вас. Вистинска забава ве очекува викендот кога е можно да запознаете некоја возбудлива личност. Во недела очекувајте некоја поголема финансиска добивка.
Јарец
Очекувајте почетокот на неделата да биде полн со возбуда и ентузијазам. Ќе блескате и ништо нема да ви недостасува. Веројатно многу луѓе од вашата околина ќе го посакаат вашето друштво. Ваквата енергија ќе ве следи до среда. Во четврток, петок и сабота посветете се на деталите и на вашата рутина. За викендот ќе бидете посветени на домот и обврските околу него кои морате да ги завршите. Сеуште не е време за одмор и забава за вас.
Водолија
Во понеделник и вторник ќе чувствувате промена во воздухот и што е најважно, вие ќе бидете личноста која ќе биде спремна да се менува. Посветете внимание на новите идеи и можностите на работа, кои не би било лошо да ги искористие во блиска иднина. Среда е ден кога треба да поработите на сопствената импулсивност – со некои избрзани реакции би можело да ги повредите чувствата на тие кои ви се најмили. Од среда па до сабота емоциите ќе ви бидат прилично нагласени и тогаш во помош повикајте ги дисциплината и вашите дипломатски способности, поготово во ситуации кои се поврзани со вашата работа. Викендот искористете го за завршување на натрупаните обврски.
Риби
Оваа недела ќе се чувствувате многу великодушно па гледајте да помогнете на што е можно повеќе луѓе. Вашата топлина и сериозниот пристап на животот ќе им одговара на луѓето околу вас и ќе бидете во центарот на вниманието се до среда. Во четврток, петок и сабота посветете се на долгорочно планирање на вашата врска . Смислете план и стратегија како да стигнете до тоа што го посакувате. Во сабота и недела ќе се фокусирате кон своите пријатели. Излезете со нив и добро забавувајте се. Нема потреба да се грижите за вашето здравје, опуштете се веќе еднаш!
Извор: РЕПУБЛИКА
Овен
Започнете ја оваа недела со организирање на некоја забава.Ќ